Свети Петар и Павле — православна црква во селото Ајватовци недалеку од градот Скопје.

Храмот се наоѓа на Ајватовски Рид над самото село Ајватовци и до него води земјен пат. Градбата од надвор е завршена, а во внатрешноста постои само иконостас и сè уште не е живописана. Во непосредната околина на црквата беа спроведувани акции за пошумување, дел од акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Од ова место се пружа прекрасна глетка на целото Скопско Поле.

Поврзано Ајватовци Црква „Св. Трифун“

Наводи

Надворешни врски

Ајватовци Категорија:Ајватовци