thumb|200px|right|Карта на регионот Тракија. Источна Тракија е делот во рамките на Турција. Источна Тракија () или Турска Тракија е источниот дел на историско-географската област Тракија, а денес е делот на Турција на европскиот континент. Овој регион почесто е наречен и Европска Турција и во овој регион се вклучени поголемите центри како што се Истанбул, Одрин, Чорлу или Лилебургаз.
Географија Источна Тракија зазема 12 проценти од вкупното население на државата и има 23 764 км2 односно 3 проценти од вкупната територија на Турција. Источна Тракија од остатокот на Турција е поделен по природен пат, односно почувајќи од север со Босфор преку Мрамрното Море и завршувајќи со Дарданели и Средоземното Море на југ. На запад Источна Тракија се граничи со Грција, а на север со Бугарија. Најголем број од населението на Источна Тракија се Турци.
Историја
Источна Тракија во ремките на Отоманското Царство била дел од Одринскиот вилает. Вилаетот бил населен претежно од турско и грчко население, но имало и одреден број бугарско и македонско населениеСпомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските властиИзвештај на Карнегиевата балканска комисија (1912-1913) - „Култура“, Скопје, и денес регионот е претежно населен со турско население.
Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910 Санџак Турци Грци Бугари и Македонци други вкупно Одрин 128,000 113,500 31,500 14,700 287,700 Кирк Килисе 53,000 77,000 28,500 1,150 159,650 Родосто 63,300 36,000 3,00021,800 144,300 Такирдаг 63,500 56,000 3,000 21,800 144,300 Галиполе 31,500 70,500 2,000 3,200 107,200 Дедеагач 45,300 29,000 17,000 650 91,630 Комотини 185,000 22,000 23,500 2,200 234,700 Чаталџа 18,000 48,500 - 2,340 68,840 Истанбул 450,000 260,000 6,000 130,000 846,000 вкупно% 974,500 676,600 113,500 176,040 1,940,040 Статистички податоци на Патријаршијата од 1912 вкупно% 836,500 726,00 114,000 340,700 2,017,800
Наводи
Поврзано Одрин Западна Тракија
Категорија:Географија на Турција Категорија:Тракија