Еленчиња или еленаци () — семејство од 1.200 видови на тврдокрилни инсекти што се групираат во четири потсемејстваSmith, A.B.T. (2006) A review of the family-group names for the superfamily Scarabaeoidea (Coleoptera) with corrections to nomenclature and a current classification. The Coleopterists Bulletin 60:144–204. Неки видови достигнуваат 12 см, но највеќето растат до 5 см.

Мажјаците ги користат вилиците за борба со соперници исто како што тоа го прават елените со нивните рогови. Повод за борба се женки за парење и храна како растителни сокови и скапани овошки. Но покрај нивниот застрашувачки изглед, еленчињата не напаѓаат луѓе.

Женките се помали од мажјаците и имаат помали вилици. Додека се ларви, можат да се разпознаат по кремастите јајници што можат да се забележат во подолниот дел на грбот, под кожата.

Ларвите неколку години се хранат со гнили стебла на листопадни дрва, и минуваат низ 3 фази пред конечно да се изведат од кукла во посебна ќелија изработена од дрвени деланки и земја. Во последната фаза, ларвите на некои видови знаат да достигнат големина на човечки прст.

Во Македонија Во Република Македонија живее само еден вид — еленчето (Lucanus cervus). Ова е најголемиот тврдокрилен инсект во земјата, и достигнува до 8 см во должина. Живее највеќе во дабови шуми, во изгниени стебла. Видот е заштитен со закон поради постепеното исчезнување.

мини|десно|Еленче (Lucanus cervus) на марка од Македонска пошта (ФДЦ 18/98, 20 октомври 1998) мини|десно|250п|Еленче во лет

Литература

Наводи

Надворешни врски

Научно-истражно место посветено на еленчињата Слики на еленчиња на Flickr

Галерија на видови

Категорија:Тврдокрилци

sl:Jelenak