Лингвистиката како научен опит за опишување и објаснување на човечката вештина за јазикот.
Во древните цивилизации, јазичаричкото учење било првично мотивирано од точниот опис на класичните литургиски јазици, најзабележливи се оние од санскритската граматика на Панини (4 век п.н.е.), или со развојот на логиката и реториката кај Старите Грците. Во почетокот на 4 век п.н.е., Кина исто така развила свои граматички традиции, а арапската и еврејската граматика се развила за време на средновековната доба.
Модерната лингвистика почнала да се развива во XVIII век, достигнувајќи го „златното време на филологијата“ во XIX век. Првата половина од 20 век била обележана со структуралното училиште кое се засновало на работата на Фердинанд де Сосир во Европа и на Едвард Сапир и Леонард Блумфилд во САД. Во 1960-те години се имало голем напредок на многу полиња од лингвистиката, како на пример генеративната граматика на Ноам Чомски, социолингвистиката на Вилијам Лабов и современата психолингвистика.
Антика
Низ културите, раната историја на лингвистиката се поврзува со потребата за разрешување на разните говори, особено за ритуални текстови или расправии. Тоа често доведувало до истражување на значењето на звучното пресликување и до дебата за конвенционалните против природните потекла за симболите. Конечно тоа довело до процеси со што се формирале поголеми структури од единици.
Индија
Лингвистиката во античка Индија потекнува од потребата да се коректно рецитирање и толкување на ведските списи. Дури и во најстариот индиски текст, Ригведа (говорот) — идолизиран. До 1200 година п.н.е.Staal, J. F., The Fidelity of Oral Tradition and the Origins of Science. North-Holland Publishing Company, 1986. p. 27 оралната изведба на овие текстови станува е веќе стандардизирана, а пишаните дела за ритуални рецитали предлагаат составните делови на санскритот да се поделат на зборови, основата, и фонетски единици, обезедувајќи поттик за морфологија и фонетика. Во следните неколку векови, достигната била јаснотија во организацијата на звучните единици, а избувните согласки биле организирани во квадрат 5х5 (800 век п.н.е., Пратисакја), што евентуално довело до системска азбука, брахми во 6 век п.н.е.
Во семантиката, раниот граматички Санскрит Śākaṭāyana (пред 500-от век п.н.е.) предлага дека глаголите се претставени како претходни онтолошки категории, а сите именки етимолошки потекнуваат од дејството. Етимологистот Yāska (5 век п.н.е.) претпоставува дека значењето се содржи во реченицата, а зборовните значења се бразираат на реченична употреба. Тој исто така обезбедил четири вида на зборовни категории – именки, глаголи, пред-глаголи и менливи и неменливи – како и тест за конкретни и абстрактни именки: зборови кои може да бидат индицирани со заменката дека.
Панини (4 век п.н.е.) се спротивставува на гледиштето на Јаска дека речениците се примарни и предлага граматика за композирање на семантиката од морфемските корени. Надминувајќи го ритуалниот текст, за кои се сметало дека е жив јазик, Панини одредува сет кој опфаќа околу 4,000 афористички правила (сутрас) кои:
1. Ја обележуваат семантиката на структурата на глаголот во тематска улога.
2. Обезбедуваат морфосинтактички правила за создавање на глаголски и номинални форми, чии седум случаи се наречени карака (слично на case {случај})и ја основаат морфологијата.
3. Ги сметаат морфолошките структури за фонолошки процеси (на пример, промена на коренот или главниот дел), со што се обезбедува конечната фонолошка форма.
Како дополнување, училиштето на Панини обезбедило список на 2000 глаголски корени, кои ги формираат објектите врз кои се применуваат овие правила, список на звуци (таканаречените Шива-сутрас) и список на 260 зборови кои не потекнуваат од правилата. Екстремно прецизната спецификација на овие правила и нивниот сложен однос довело до разумни коментари и пресметка во следните неколку векови. Фонолошката структура го вклучува и дефинирањето на концептот на звучни универзалии кои се слични на модерните фонеми, систематизација на согласките кои се засноваат на стеснувањето на усната празнина и самогласки кои се засноваат на висината и траењето. Како и да е, амбиција е да се обележат од морфема во семантика која е навистина забележлива во модерните поими. Граматичарите, вклучувајќи го и Kātyāyaнa (3 век п.н.е.), кои го следеле примерот на Панини, напишале афоризми и напредна математика; Паtañjali (втор век п.н.е.) — познат по неговиот коментар за одбраните теми во граматиката на Панини (Махабхасиа) и за афоризмите на Kātyāyaнa , како и , според некои, тој е авторот на Јога Сутрас и Пингала, со неговиот математички пристап до просодија. Низ вековите имало неколку дебати , на пример, дали пресликување на зборовното значење било конвенционално (Ваишeшиka-Nyaya) или вечно (Kātyāyaнa-Patañjali-Мимāмсā). Според Хјаја Ситрак има три видови на значења: поединечно (оваа крава), универзален вид (краварство) и сликата (црта крава). Звукот на зборот исто така формира еден вид (звук-универзалија) бил следен од Бхартрхари (500 век п.н.е.), кој исто така претпоставува дека јазичните универзалии се единиците на мислата, блиску до номиналистичко, па дури и јазичаричко одредување на позиција. Бхартрхари исто така смета дека реченицата е онтолошки примарна (зборовните значења се научени според нивната употреба во реченицата). Четири од шесте канонски текстови од Ведангас , кои ја формирале суштинската насока во Браминското образование од 1-от до 18-от век од нашата ера, се справувале со јазикот:
• Шикса (śikṣā): фонетика и фонологија (сандхи), Гаргеуа и коментатори
• Чандас (chandas): просодија или мерач , Пингала и коментатори
• Вуакарана (vyākaraṇa): граматика, Панини и коментатори
• Нирукта (nirukta): етимологија, Yāska и коментатори
Во 500-от век од нашата ера, Бхартрхари претставил филозофија на значење со својата доктрина сфота.
Овој вид на работа станал познат во Европа во 19-от век, каде што модерната лингвистика првично имала влијание преку Франц Боп, кој главно се водел според Панини. Како последица на тоа, врз поголемиот дел од работата од Фердинанд де Сосур, Леонард Блумфилд и Роман Јакобсон влијаеле учителите на Санскритот.Фриц Стал дискутирал за можниот ефект на индиските идеи врз јазикот во Европа. По набројување на разни аспекти на контакт, Стал ја претставува теоријата за тоа дека идејата за формални правила во јазикот, за првпат предложено од Де Сосур во 1894 година и конечно развиени од Чомски во 1957 година, засновани на тоа кои формални правила биле запознаени со пресметливите јазици, европското изложување на формалните правила може навистина да потекнува од граматиката на Панини. Особено кај Де Сосур, кој предавал за Санскритот повеќе од три децении, можеби имало влијание од Панини и Бхартрхари. Неговата идеја за спојување на индикатор-индициран во знак е нешто слично на концептот Сфота. Уште поважно, самата идеја за формалните правила да се применуваат во области надвор од логиката и математиката, можно е да е катализирана од европскиот контакт со делото на санскритските граматичари.
Граматиката Пали од Кацчана , која датира од раните векови од п.н.е., го опишува јазикот на будистичкиот канон. Толкāппиyам (датира од 7 век п.н.е.), ја претставува граматиката на Тамилците, изведенки кои се користат сè до денешен ден. Кавирајамарга е пишано дело врз основа на граматиката на Каннада и во годините може да се спореди со Толкāппиyам.
Грција
Првиот важен напредок на грците било создавањето на азбуката врз основа на систем кој претходно се користел од страна на Феникијците, додавајќи самогласки и други согласки кои им биле потребни. Како резултат на воведот во пишувањето, поезијата, на пример поемите на Хомер, прераснала во пишана форма. Се создале неколку изданија за кои било коментирани. Со тоа се формирала основата за филологија и критиката.
Заедно со пишаниот говор, грците започнале со нивното граматичко и филолошко изучување. Филозофски дискусии за природата и потеклото на јазикот може да се најде во раните дела на Платон. Предмет на грижење било дали јазикот бил направен од човечка рака, општ артифакт, или имал натприродно потекло. Платон во неговиот Кратилус го претставува природното гледиште на тоа дека зборовните значења произлегуваат од природен процес, во зависност од корисникот на јазикот. Неговите аргументи се основаат делумно на примери од сложенки, каде што значењето на целината се поврзува со составниот дел, иако на крај тој признава дека има мала улога на вообичаеност. Софистите и Сократ ја вовеле дијалектиката како нов писмен жанр. Во неговите платонски дијалози има дефиниции за мерачот на поемите и трагедијата, формата и структурата на тие текстови. Аристотел ги поддржувал конвенционалните потекла на значење. Тој ја дефинирал логиката на говорот и предметот на расправата. Понатамошните дела на Аристотел за реториката и поетиката било од најголема важност за разбирање на трагедијата, поезијата, јавните дебати итн. Како писмени жанрови. Делото на Аристотел за логиката има тесна врска со неговиот посебен интерес за јазикот и неговото дело во оваа област било фундаментално важно за развојот на јазичното изучување(„логос“ на грчи значи и јазик и логичка разумност). Во Категории, Аристотел дефинира што се мисли под „синоним“-зборови со универзален говор, „хомоним“-зборови со ист говор и „пароним“-описни зборови. Потоа ги дели на форми на говор како:
• Или едноставно, без композиција или структура, на пример „маж“, „коњ“, „се бори“ итн.
• Или како композиција и структура, на пример „мажот се бори“, „коњот трча“ итн.
Следно нешто што го направил е тоа што направил разлика помеѓу предмет на предикација, имено сè што е прифатено или отфрлено, и предмет на инхезија. Кога нешто е содржано во подметот. Мислата не е дел од подметот, не може да постои без подметот. На пример, се смислува во нешто што веќе има облик. Категориите не се абстрактно платонски битија, но се наоѓаат во говорот, во материите, количината, квалитетот, поврзаноста, местото, времето, позицијата, состојбата, дејството и наклонетоста. Во de Interpretatione, Аристотел ги анализира категоричните пропозиции и извлекува серија на заклучоци кои се врз основа на рутинските прашања за класифицирање и дефинирање на основни јазичарички форми, како на пример едноставни поими и пропозиции, именки и глаголи, негација, количината на едноставните пропозиции (примитивни корени на мерачите на модерната симболика на логиката), истражувања за исклучување на средината (нешто што за Аристотел не е применливо кај пропозициите во идно време – проблемот кај идните можни случувања) и за модалните пропозиции.
Стоиците ја направиле лингвистиката како важен дел од нивното разбирање на космосот и човекот. Важната улога на стоиците била во дефинирањето на јазичаричките знаковни термини кои подоцна биле применети од Фердинанд де Сосур како "significant" and "signifie". Стоиците ги изучувале фонетската граматика и етимологија како различни нивоа на учење. Се дефинирале артикулаторните органи во фонетиката и фонологијата. Наставната програма станала важен дел од структурата за разбирање на говорната организација. Една од најважните понуди на Стоиците во изучувањето на јазикот било постепеното дефинирање на терминологијата и теоријата што одекнувале во модерната лингвистика. Граматичарите од Александрија исто така ги изучувале говорните звуци и просодијата, дефинирале делови од говор со поими како именка, глагол итн. Исто така имало и дискусија за улогата на аналогијата во јазикот. Во овие дискусии граматичарите од Александрија ја поддржувале теоријата за тоа дека јазикот, а осбено морфологијата, е врз основа на аналогија или парадигма, каде што за граматиката во училиштата во Мала Азија се сметало дека јазикот не се заснова на аналогна основа туку повеќе на исклучоци.