Турска лира (тур.: Türk Lirası, ISO 4217: TRY, бројчен код 949) е парична единица на Република Турција и непризнаената турска Република Северен Кипар.

Историја По извесен период во кој лирата била врзана за британската фунта и францускиот франк, во 1946 година бил усвоен односот 2,8 лири = $1 што се одржувал до 1960 година, кога валутата била девалвирана до 9 лири = $1. Од 1970 година функционирала серија на фиксни, а потоа и флуктуирачки курсеви во однос на доларот како што вредноста на лирата почнала да опаѓа.

Поради хроничната инфлација во Турција од 1970 до 1990 година, лирата имала голема депресијација на вредноста. Турција имала висока стапка на инфлација во споредба со развиените земји, но никогаш не доживела хиперинфлација. Од просечните 9 лири за 1 американски долар во доцните 1960-ти, валутата дошла во сооднос од околу 1.650.000 лири за 1 американски долар кон крајот на 2001 година. Тоа претставувало просечна инфлација од над 40% годишно.

1966 — 1 САД $ = 9 лири 1980 — 1 САД $ = 90 лири 1988 — 1 САД $ = 1,300 лири 1995 — 1 САД $ = 45,000 лири 1996 — 1 САД $ = 107,000 лири 2001 — 1 САД $ = 1,650,000 лири 2004 — 1 САД $ = 1,350,000 лири 2005 — 1 САД $ = 1.29 нова лира (Во 2005 г. е воведена нова турска лира, на која се избришани 6 нули од турската лира) 2007 — 1 САД $ = 1.26 нова лира 2008 — 1 САД $ = 1.55 нова лира 2009 — 1 САД $ = 1.48 нова лира 2010 — 1 САД $ = 1.44 лира (турската лира и новата турска лира како називи се користеле од 2005 година. Во 2010 година името повторно било заменето во турска лира, но називот нова турска лира се користел до 31 декември 2009 г.) 19 октомври 2012 — 1 САД $ = 1.79 лира

Кон крајот на декември 2003 година Големото народно собрание на Турција усвоило закон со кој се овозможува отстранување на шест нули од турската лира и создавање нова валута, воведена на 1 јануари 2005 година. До 31 декември 2008 бил преодниот период од кој официјално валутата почнува да се нарекува Нова турска лира.

Изглед Сите банкноти и монети на позадината го имаат ликот на Мустафа Кемал Ататурк од различни периоди од неговиот живот од 1930 година, со исклучок на некои банкноти од втората емисија (1937-1942 г.) кои го имаат ликот на турскиот војсководец и политичар Мустафа Исмет Инени.

Банкноти Банкноти на Турција од 1 јануари 2009 година Изглед Номиналнавредност Димензии Боја Опис Лице Позадина Лице Позадина 5 лири 64 × 130 mm кафеава Мустафа Кемал Ататурк Ајдин Саили, дијаграми на Сончевиот Систем, атом, античка пештера и неправилна лева ДНК-низа. 10 лири 64 × 136 mm црвена Мустафа Кемал Ататурк Џахит Арф, Арфова константа, аритметичка серија, абакус, бинарна низа 20 лири 68 × 142 mm зелена Mustafa Kemal Atatürk Мимар Ахмет Кемаледин-беј, главната зграда на Универзитетот Гази, аквадукт, кружен мотив и коцка-глобус-цилиндар како симболи на архитектурата 50 лири 68 × 148 mm портокалова Мустафа Кемал Ататурк Фатма Али Топуз, цвеќе, книги и записи 100 лири 72 × 154 mm сина Мустафа Кемал Ататурк Бухуризаде Итри, забелешки, инструменти и фигура на Џалалудин Руми 200 лири 72 × 160 mm виолетова Мустафа Кемал Ататурк Јунус Емре, мавзолејот на Јунус Емре, роза, гулаб и натпис "Sevelim, sevilelim" (Дајте љубов, да бидеме сакани)

Монети

Монети на Турција од 2009 година Изглед Номиналнавредност Технички одлики Изглед Датум на издавање Лице Позадина Димензија Дебелина Маса Состав Лице Позадина Монета Издадена 42п 42п 1 куруш 16.5 мм 1.35 мм 2.2 г 70% бакар30% цинк Вредност,мотив,година на ковање "Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009 45п 45п 5 куруши 17.5 мм 1.65 мм 2.9 г 65% бакар18% никел17% цинк Вредност,мотив,година на ковање "Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009 47п 47п 10 куруши 18.5 мм 1.65 мм 3.15 г 65% бакар18% никел17% цинк Вредност,мотив,година на ковање "Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009 51п 51п 25 куруши 20.5 мм 1.65 мм 4 г 65% бакар18% никел17% цинк Вредност,мотив,година на ковање "Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009 60п 60п 50 куруши 23.85 мм 1.9 мм 6.8 г Надворешен прстен:65% бакар18% никел17% цинкВнатрешен дел:79 % бакар4% никел17% цинк Вредност,мост во Истанбул,година на ковање "Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009 65п 65п 1 лира 26.15 мм 1.9 мм 8.2 г Надворешен прстен:79% бакар4% никел17% цинкВнатрешен дел:65% бакар18% никел17% цинк Вредност,мотив,година на ковање "Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009

Наводи

Категорија:Валути Категорија:Валути во оптек Категорија:Турција