Грипот (или инфлуенца) — заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина (од фамилијата на вирусите на грипот) која најчесто ги напаѓа птиците и цицачите. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа болест се треска, настинкa, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Иако грипот често се заменува со други болести кои се слични на грипот особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест и се предизвикува од друг тип на вирус. Особено кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање, но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .Seasonal Flu vs. Stomach Flu by Kristina Duda, R.N.; Retrieved 12 March 2007 (Website: "About, Inc., A part of The New York Times Company")
Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли коишто го содржат вирусот. Исто така грипот може да се пренесе и преку директен контакт со птичји измет или со назалните секрети, или во контакт со загадени површини. Се смета дека аеросолите во воздухот се главните виновници за повеќето инфекции, а фактот дека се главна причина за пренесувањето сè уште не е докажан. Вирусите на грипот можат да се уништат преку сончева светлина, со средства за дезинфекција и со детергенти.Avian Influenza (Bird Flu) : Implications for Human Disease. Physical characteristics of influenza A viruses. UMN CIDRAP. Бидејќи сапунот го уништува вирусот, ризикот од заболување се намалува со почесто миење на рацете.
Грипот се шири насекаде низ светот во сезонски епидемии од кои секоја година околу 500.000 луѓе го губат својот живот. Кога годината е пандемична, бројката го надминува и милионот. Од 1979 година до 2001 година во САД просечно околу 41.400 луѓе починаа од грип. Во 2010 год, од Центарот за контролирање на болести во САД го сменија извештајот за триесетгодишната проценка на смртната стапка. Сега годишно се регистрирани помалку смртни случаи, од 3.300 па сè до 49.000. Во XX век се појавија три пандемии на грип и однесоа 10 милиони човечки животи. Тие беа предизвикани со појавата на нов вид на вирус кај луѓето. Најчесто, овие нови видови се појавуваат кога веќе постојниот вирус на грипот се пренесува од некои други видови животни на луѓето, или пак кога постојниот вид на вирус кај човекот собира нови гени од вирусот што најчесто ги напаѓа птиците или свињите.Откако во Азија во деведесеттите години се појави птичјиот вирус H5N1, тој предизвика голема загриженост од нова пандемија на грип, меѓутоа не се разви во форма која лесно се распространува меѓу луѓето. Во април 2009 година, се разви нов вирус на грип со комбинирани гени од човек, свиња и од птичји грип, кој најпрво беше наречен ‘’ свински грип” или грип А/ H1N1. Се појави во САД - Мексико и во некои други земји.На 11 јуни 2009 година, Светската Здравствена Организација официјално прогласи дека избувнувањето на вирусот е пандемично. Изјавата на СЗО "пандемично ниво" 6 беше показател за распространетост, меѓутоа изјавата беше несериозна бидејќи овој вид на вирус всушност има помала смртна стапка отколку сезонскиот. Вакцинирањата против грип најчесто им се достапни на луѓето од развиените земји. Живината најчесто се вакцинира за да се избегне целосно уништување. Најпознатата вакцина наменета за луѓето е тривалентната вакцина против грип “ TIV “ која содржи чисти и неактивни антитела против трите вирусни видови. Обично оваа вакцина содржи дел од двата А поттипови на грип и од Б типот. Со“TIV” нема ризик од пренесување на болеста и постои мала веројатност за повторување. Бидејќи грипот брзо се развива и старите видови на вирусот веднаш се заменуваат со нови, вакцината која што била примена во текот на една година може да не биде ефикасна во наредната. Грипот може да се лекува со лекови против вирусот и со најефикасните антибиотици.
Класификација
Типови на вируси
Според класификацијата на вируси, вирусите на грипот спаѓаат во групата на РНК вируси кои воедно се и трите од можните пет видови во фамилијата вируси на грипот :
грип- вирус А грип- вирус В грип- вирус С
Овие вируси речиси и немаат никаква врска со човечките вируси на парагрип и се рибонуклеински вируси што припаѓаат на парамиксовирусната група . Најчесто кај децата предизвикуваат воспаленија на респираторниот тракт како што е воспаление на грлото, но и кај возрасните можат да предизвикаат болест која е слична на грипот.
Грип - вирус А
Во оваа група има еден вид а тоа е грипот предизвикан од вирусот А. Дивите водни птици се природни носители на различни видови на грипот А. Многу ретко вирусите се пренесуваат на други видови и тогаш можат да предизвикаат катастрофален размер кај домашната живина или пак да предизвикаат подем на човечките пандемии од грип. Од трите типови на грип вирусите од типот А се најопасни човечки патогени и предизвикуваат многу сериозни болести. Вирусот А може да се подели на различни серотипови коишто се темелат на антителата создадени од овие вируси. Ова се следниве серотипови коишто се појавиле кај луѓето и се подредени по бројот на пандемични смртни случаи :
H1N1, кој во 1918 г. го предизвика шпанскиот грип и во 2009 г. свинскиот грип ; H2N2, кој во 1956 г. го предизвика азискиот грип ; H3N2, кој во 1968 г. го предизвика грипот во Хонгконг ; H5N1, кој во 2004 г. го предизвика птичјиот грип ; H7N7, кој има чудно животинско потекло H1N2, кој е ендемски кај луѓето, свињите и птиците H9N2 H7N2 H7N3 H10N7
Грип - вирус В
Во оваа група постои еден вид на вирус, грип предизвикан од вирусот В. Грипот В ги напаѓа речиси само луѓето и е помалку застапен од грипот А .Фоките и ласиците се единствените животни кои се подлежни на инфекција од грипот В. Овој тип на грип мутира 2-3 пати побавно отколку А типот и според тоа тој има помала генетска разновидност, со само еден серотип на грипот В . Како последица од недоволната антигена разновидност, најчесто уште на рана возраст се стекнува имунитет на грипот В. Сепак, грипот В мутира до таму што не е можен долготраен имунитет. Ова ја намалува стапката на антигена промена и заедно со својот мал и ограничен размер (спречувајќи ја антигената промена кај видовите),грипот предизвикан од вирусот В создава спречување на пандемиите од грипот В.
Грип - вирус С
Во оваа група има еден вид на вирус, грип предизвикан од вирусот С, кој ги напаѓа луѓето, кучињата и свињите. Понекогаш предизвикува сериозни болести и локални епидемии. Меѓутоа грипот којшто е предизвикан од вирусот С е поредок отколку другите типови на вируси и обично предизвикува лесни настинки кај децата.
Номенклатура на поттиповите, состав и својства
Вирусите А, В и С кои предизвикуваат грип имаат многу сличен состав. Честичките од вирусот во пречник се околу 120 нанометри и најчесто се речиси топчести, иако понекогаш може да се појават и во долгнавести форми. Овие долгнавести форми се најзастапени кај грипот предизвикан од вирусот С и тие можат да оформат поврзани структури од најмалку 500 микрометри кај областите со заразени клетки. Сепак, и покрај тоа што овие форми се различни, вирусните честички од сите вируси кои предизвикуваат грип се слични по составот. Тие се направени од вирусна обвивка што содржи два главни типови на гликобелковини, кои го обвиткуваат централното јадро. Централното јадро содржи вирусни геноми на РНК и други вирусни белковини кои ја образуваат и ја штитат оваа РНК. Низата на РНК скоро секогаш останува единечна, но постојат и исклучоци кога кај некои случаи е двојна. Најчесто кога се работи за вирус, неговиот геном не претставува само еден дел од нуклеинската киселина туку содржи седум или осум делови од негативно сегментираната низа на РНК . Секој дел од РНК содржи еден или два гена. На пр. грипот предизвикан од вирусот А содржи 11 гени кои се распоредени на 8 места кај РНК и се шифрирани преку 11 белковини: хемаглутинин ( HA), “ neuraminidase” (NA), белковина на НК (NP), M1, M2, NS1, NS2 (НИП : изнесување на нуклеинските белковини), PA, PB1 ( полимеризирана основа 1), PB1 -F2 и PB2.
HA и NA се двата големи надворешни гликобелковини на вирусните честички. HA е лектин којшто непосредно влијае во спојувањето на вирусот со целните клетки и пробивањето на вирусниот геном во тие клетки, додека пак NA e вклучен во ослободувањето на вирусните потомци од заразените клетки со прилепување на шеќерите кои ги врзуваат развиените вирусни честички. Оттука, овие белковини се мета на антибиотиците (лекови против вирусот). Покрај тоа постојат антигени од кои можат да настанат и антитела. Вирусите на грипот од групата А, врз основа на реакцијата на антителата од HA и NA се делат на неколку поттипови. Различните типови на HA и NA ја создаваат основната разлика помеѓу вирусите H и N, на пр. H5N1 . познати се само 16 поттипови вируси на H и 9 поттипови на N, од кои само H1, H2, H3 и N1 и N2 се пронајдени кај човекот.
Размножување
Вирусите можат да се размножуваат само во живите клетки. Заразувањето со грип и размножувањето на грипот е процес во неколку фази : Прво, вирусот мора да се прилепи за да влезе во клетката, а потоа го испорачува својот геном на местото каде што тој може да создава нови копии од вирусните белковини и од РНК. Вирусот ги соединиува овие составни делови во нови вирусни честички и на крај излегува од клетката носител. Вирусите на грипот го спојуваат хемаглутининот со шеќерите од сијаличната киселина на површините на епителните клетки, најчесто во носот, грлото и белите дробови на цицачите и во цревата на птиците. Откако хемаглутининот се прилепува со помош на протеинозата, клетката го внесува вирусот преку ендоцитозата. Штом вирусот ќе навлезе во клетката, киселинските услови во ендозомот предизвикуваат две работи. Прво, дел од хемаглутининските белковини ја соединуваат вирусната обивка со ципата на вакуолата . Тогаш јонскиот канал М2 им дозволува на протоните да се движат низ вирусната обвивка и да го претворат јадрото на вирусот во киселина, што предизвикува пробивање на јадрото и ослободување на вирусна РНК и јадрени белковини. И откако ќе се случи тоа, молекулите на вирусната РНК, другите белковини и РдРБ се ослободуваат во цитоплазмата. Јонскиот канал М2 се блокира со помош на лековите за спречување на грипот - амантадин .Овие јадрени белковини и ВРНК создаваат сплет којшто се транспортира во клеточното јадро, каде РдРП почнува да го транскрибира позитивниот комплемент на кодирачката секвенца на ВРНК . ВРНК или е изнесена и е преведена во цитоплазмата или останува во јадрото. Повторно синтетизираните вирусни белковини или се излачуваат во Гоџиевиот систем на клеточната обвивка или се транспортираат назад во јадрото, се спојуваат со ВРНК и создаваат нови вирусни честички на геномите. Другите вирусни белковини имаат многубројни движења во клетката домаќин, вклучувајќи ја и деградираната клеточна ИРНК (информациона РНК) и користејќи ги испуштените нуклеотиди од синтезата за ВРНК, како и забранувајќи ја транслацијата на клетката-носител во ИРНК. Негативниот комплемент на кодирачката секвенца од ВРНК којшто ги создава геномите за наредните вируси, РдРП и други вирусни белковини, здружени заедно создавааат вирус.