Слогница речовска или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ — книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски.Слогница речовска, Ѓорѓија Пулевски, 1880, Софија. Важи за прва печатена македонска граматикаЃорѓија Пулевски на страницата на МАНУ., но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел.

Писмо

При пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Словени. Така, писмото е составено од македонски и старословенски букви.

Големи буквиА Б В Г Д Е Є Ж З І И К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Ъ Ы Ь Ю Џ Я Мали буквиа б в г д е є ж з і и к л м н о п р с т у ф х ц ч ш ъ ы ь ю џ я

Наводи

Поврзано Ѓорѓија Пулевски Македонски јазик Македонска граматика

Надворешни врски Слогница речовска на Викиизвор. Слогница речовска на страната на НУБСКО.

Категорија:Македонска граматика Категорија:Ѓорѓија Пулевски Категорија:Македонски книги Категорија:Појавено во 1880 година