thumb|400px|Биланс на кумулативна тековна сметка 1980–2008 според податоците на ММФ. thumb|400px|Биланс на кумулативна тековна сметка по жител 1980–2008 според податоците на ММФ.

Трговски биланс (или нето извоз, често се пишува со симболот NX) — разликата меѓу монетарната вредност на извозот и увозот како аутпут во една економија за определен период. Тоа е врската меѓу извозот и увозот на една нација. Позитивен биланс се вика трговски суфицит, доколку повеќе се извезува отколку увезува. Негативниот биланс се вика трговски дефицит или неформално трговска разлика. Билансот на трговијата често се дели на биланс на добра и услуги. Првичните разбирања за функционирање на билансот на трговијата ги информира економските политика на раната модерна Европа дека се групирана под називот меркантилизам. Една изјава беше цитирана од делото Дискурс за општата добросостојба на ова англиско кралство во 1549 година и која гласи: „Секогаш треба да бидеме внимателни да не купуваме повеќе од странците отколку што им продаваме, бидејќи на тој начин ние ќе се осиромашиме, а нив ќе ги збогатиме“. Слично на ова се направи и систематско и кохерентно објаснување за балансот на трговијата со изјавата на Томас Мун од 1630 година: „Богатството на Англија е од надворешната трговија, односно, балансот на нашата надворешна трговија ја претставува доминантноста на нашето богатство“.

Дефиниција

Трговскиот биланс е значаен дел од тековната сметка, која вклучува други трансакции како доход од меѓународната инвестициска позиција како и меѓународната помош. Доколку трговскиот биланс е во суфицит, соодветствено се зголемува и меѓународната позиција на нето актива на државата. Следствено, дефицитот ја намалува меѓународната позиција според нето активата. Трговскиот биланс е еднаков со разликите меѓу аутпутот на државата и нејзината домашна побарувачка (разликата меѓу кои добра една држави ги произведува и колку добра купува од странство. Ова не ги вклучува парите кои се повторно потрошени за странски резервим ниту пак вклучува факторот во концептот за увоз на добра за производство на домашниот пазар). Мерењето на трговскиот биланс може да биде проблематично поради проблемите во поглед на собирањето на податоци. Како илустрација на овој проблем, кога ќе се соберат официјалните податоци на сите држави, извозот го надминува увозот за речиси 1 процент. Изгледа дека светот има позитивен трговски биланс со самиот. Ова не може да биде вистинито, бидејќи сите трансакции вклучуваат еднаков кредит и долг на сметката на секоја нација. Контрадикцијата се верува дека може да се објасни преку трансакции кои се наменети да перат пари или да затајуваат данок, да криумчарат или други видливи проблеми. Сепак, особено за развиените држави постои точност. Фактори кои можат да влијаат на трговскиот биланс се:

Цената за производство (земја, труд, капитал, даноци, субенвенции итн.) во извозните економии наспроти увозните економии; Цената и достапноста на суровините, полупроизводи и другите инпути; Промена на стапката на размена; Мултилатерални, билатерални и унилатерални даноци или ограничувања на трговијата; Неданочни бариери како здравствени, еколошки и безбедносни стандарди; Достапноста на соодветна девиза со која може да се плати за увозот; и Цената на добра произведени дома (под влијание на реакцијата на понудата)

Притоа, веројатно е трговскиот биланс да се разликува во различни деловни циклуси. Во економиите кои се водечки според растот на извозот (како нафтата и раните индустриски добра), билансот на трговијата ќе се подобри за време на економска експанзија. Сепак, со економиите кои имаат раст на побарувачката (како Соединетите Американски Држави и Австралија) трговскиот биланс ќе се влоши во истата фаза на деловниот циклус. Од средината на осумдесеттите години на 20 век, Соединетите Американски Држави имаат растечки дефицит во добрата кои се тргуваат, особено со земјите од Азија (Кина и Јапонија) кои сега поседуваат големи суми од долгот на Соединетите Американски Држави кој ја финансираше потрошувачката. Соединетите Американски Држави имаат трговски суфицит со нациите како Австралија. Проблемот за трговскиот дефиците може да биде сложен. Трговскиот дефицит кој се создава во добра произведени за трговија, како произведени добра или софтвер можат да влијаат на домашното вработување до различни степени отколку трговскиот дефицит во суровини. Економиите како Канада, Јапонија и Германија кои имаат суфицитни заштеди, вообичаено имаат трговски суфицити. Кина, економија со голем раст има тенденција да произведува трговски суфицит. Соодветствено, САД со пониската стапка на заштеди има тенденција на висок трговски дефицит, особено со замјите од Азија.

Погледи врз економското влијание

Услови кога трговскиот небаланс може да биде проблематичен

Оние кои го игнорираат ефектот на долгорочниот трговски дефицит можеби не ги мешаат принципите на Дејвид Рикардо за компаративни предности со принципите на Адам Смит за апсолутна предност, особено не сфаќајќи ги сериозно принципите на Адам Смит. Економистот Пол Крег Робертс вели дека принципите на компаративна предност претставено од Дејвид Рикардо не ги зема предвид факторите на производство кои се мобилни во меѓународни рамки. Глобална трудова арбитража е феномен објаснет од економистот Стефан С. Роач, каде една држава ја искористува евтината работна рака од друга е случај на апсолутна предност и која е заемно корисна. Од стагфлацијата од седумдесеттите години на 20 век, економијата на САД се одликува со побавен раст на БДП (Бруто-домашен производ). Во 1985 година, започна сè поголемиот трговски дефицит на САД со Кина. На подолг период, нациите кои имаат трговски суфицит имаат тенденција да имаат и суфицит на заштедите. Главно, САД имаат пониска стапка на заштеда за разлика од своите трговски партнери, кои имаат тенденција да имаат трговски суфицит. Германија, Франција, Јапонија и Канада ги одржаа на високо ниво стапките на штедење отколку САД на долгорочен период. Неколку економисти веруваат дека БДП и невработеноста можат да бидат повлечени од преголемиот дефицит на долгорочен период. Други веруваат дека трговските дефицити се добри за економијата. Опортунитетни трошоци (трошоците кои еден производител ги пресметува доколку се занимивал со друга активност, за периодот кога ја работел сегашната) за лишените даноци можат да имаат поголемо влијание за добивката која се добива, особено каде со вештачки врзувања на валутата и манипулации ја искривуваат трговијата. Главните сектори за работа кој произведуваат богатство во САД, како што се оние во производствениот и компјутерскиот софтвер често се менуваат со потрошувачки работи кои се плаќаат многу помалку како оние во продажбата на мало и владата во услужниот сектор кога економијата се опоравува од рецесии. Некои економисти тврдат дека САД позајмува средства за да ја финансира потрошувачката од увозот, истовремено акумулирајќи неодржливи суми на долг. Во 2006 година, најголемите економски грижи се фокусираа на: висок национален долг (9 трилиони долари), висок хипотекарен долг (9 трилиони долари), висок долг на финансиските институции (12 трилиони долари), висока задолженост за нефинансираната здравствена заштита за старите лица (30 трилиони долари), висока задолженост на нефинансираната социјална заштита (12 трилиони долари), висок надворешен долг ( суми која им се должи на надворешните позајмувачи) и сериозни влошувања на нето меѓународната инвестициска позиција (НИИП) на САД (-24 проценти од БДП), висок трговски дефицит и зголемување на нелегалната имиграција. Овие пробелми отворија загриженост меѓу економистите и нефинансираните задолжувања се сметаат за сериозен проблем со кои ги посочи претседателот на САД за време на обраќањето во 2006 за состојбата на државата (State of the Union address). На 26 јуни 2009 година, Џеф Имелт, генералниот извршен директор на Џенерал Електрик (General Electric), апелираше за зголемување на производствената основа на САД за 20 проценти од работтната сила, коментирајќи дека САД испраќа премногу надворешни соработници (врши екстернализација) во одредени области и веќе не може да се потпира на финансискиот сектор и трошењето на потрошувачите за да ја движат побарувачката.

Услови кога трговските небаланс може да не биде проблематичен

Малите трговски дефиците, вообичаено, не се сметаат дека се штетни за извозните економии и за увозните економии. Сепак, кога националниот трговски дисбаланс ќе се прошири и зголеми (вообичаено се смета дека е неколку проценти од БДП, за период од неколку години), прилагодување треба да се случи. Додека неодржливиот дисбаланс може да опстојува подолги периоди ( како што се суфицитот на Сингапур и дефицитот на Нов Зеланд), искривувањето најверојатно се случило од големиот прилив на богатство, кој не може да се поднесе, од една економија во друга економија. Едноставно кажано, трговските дефиците се платени од резервите во девизи и можат така да продолжат сè додека резервите не се потрошат целосно. Кога ќе дојде до оваа точка, узовникот веќе нема да може да купува отколку што продова надвор од државата. Ова може да има последици на девизниот курс: големи загуби на вредноста на девизниот курс во дефицитарната економија со менување на релативната цена на тргуваните добра од економијата чија валута има суфицит, и олеснување на враќањето кон баланс или (поверојатно) префрлање на суфицитот кон друга насока. Уште посложено, една економија нема да може да извезува добра а да плати за увозот, но ќе биде во состојба да најде средства на друго место. На пример, извозот на услуги, се повеќе од доволни за да се плати недостатокот на извоз на домашни добро во Хонгконг. Во посиромашните држави, странска помош може да ја пополни празнината додека пак во економиите со забрзан раст суфицит на капитална сметка го надополнува дефицитот на тековната сметка. За крај, постојат одредени економии каде трансферот на државјани на работа во странство придонесува за плаќање на увозот. Филипините, Бангледеш и Мексико се примери за економии кои се богати со трансфер на работна сила.

Адам Смит за трговските дефицити

,, Во преходниот дел од ова поглавје се обидов да покажам, дури и со принципите на комерцијалниот систем, колку е непотребно да се поставуваат вонредни ограничувања врз увозот на добра од оние држави со кои трговскиот биланс треба да биде во неповолна позиција. Меѓутоа, ништо не може да биде поапсурдно отколку оваа цела доктрина за трговски биланс, врз која, не само овие ограничувања но речиси сите други регулирања на трговијата се основани. Кога две економии тргуваат меѓусебе, според оваа [апсурдна] доктрина треба да, доколку трговскиот биланс е еднаков, ниедна од нив да добие или загуби. Меѓутоа, доколку се наклонува кон една страна, таа губи, а другата добива сè до опаѓањето до соодветната рамнотежа.’’ (Смит, книга 4, глава III, дел II)

Фредирик Бастијат за заблудата на трговскиот дефицит

Економистот и филозофот од 19 век, Фредерик Бастијат, објасни дека трговските дефицити се всушност манифестација на профит, а не на загуба. Како пример, тој кажа дека доколку тој, Французин, извезува француско вино и увозува британски јаглен, и притоа заработува. Доколку тој се наоѓа во Франција и испрати едно буре со вино кои во Англија вреди 50 франци. Царинарницата ќе запише дека се направил извоз од 50 франци. Доколку во Англија, виното се продаде за 70 франци (или еквивалетно во фунта), која што подоцна тој ја искористил да купи јаглен, кој го увозува во Франција и во Франција вреди 90 франци. Притоа тој прави профит од 40 франци. Меѓутоа, царинирницата ќе забележи дека вредноста на увозот ја надминува онаа на извозот и дека е трговски дефицит според салдото на Франција.