Васил Папанчев или Васил Панчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Тој е еден од првите покрстени членови на Организацијата. Работи како комисионер во канцеларијата на продавачот Саздо Ризов во Солун. Во првите години на постоењето Организацијата, Панчев доставува литература, материјали и пошта од внатрешноста на Македонија за Централниот комитет Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 349.. Гевгелискиот раководител на Организацијата, Илија Докторов пишува:
Во тие два анoви-хотели, кои беа еден до друг, постојано се навртуваа Васил Панчев, поп Стам Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Тоа четворицата беа најдоверливите помошници на Даме Груев. Со нив се регулираа, тајните состаноци на Даме Груев со лица кои доаѓаат од провинцијата по организациски работи; ним им се доделуваа работи од сериозен карактер, тие беа во постојан конкакт со сите терористи и преку нив се праќаше и примаше тајната пошта од провинцијата „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 55-56,.
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Родени во 1857 година Категорија:Починати во 1933 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски револуционери