Иван Велков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Животопис Иван Велков е роден во Кавадарци, тогаш во Отоманското Царство. Се занимавал со трговија. Во летото 1894 година влегол во првиот револуционерен комитет во Кавадарци, основан од страна на Даме Груев. По Солунските атентати е уапсен и во август 1903 година е заточен на Родос. Подоцна добил амнестија, но во декември 1906 година, тој повторно бил уапсен и затворен во Кавадарци. Починал неколку месеци по излегувањето од затвор.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 26.

Извори

Категорија:Дејци на ВМОРО