Тала (самоански: tālā) (ISO 4217: WST, бројчен код: 882) е официјална валута во Самоа, која е поделена на 100 сени (sene). Зборот тала е самоански превод за зборот долар, додека сене е самоански превод за зборот цент.

Талата како официјална валута била воведена во 1967 година, по независноста од Нов Зеланд во 1962. До тогаш, земјата користела Западносамоанска фунта. Талата ја заменила фунтата во соодност од 2 тали за една фунта.

Симболот WS$ сè уште се користи за талата, иако го претставува поранешното име на државата. Западна Самоа (Western Samoa). Така, симболите SAT, STSamoa Travel Guide: Overview - Lonely Planet WorldGuide и T се користат исто така. Талата ја издава Централната Банка на Самоа.

Поврзано Самоа Економија на Самоа

Наводи

Надворешни врски Самоанска тала

Категорија:Економија на Самоа Тала Категорија:Валути во оптек