Американски идол (познат и како Американски Идол: потрага по супер ѕвезда) — реален телевизиски натпревар по пеење, создаден од Сајмон Фулер и во продукција на Фриментал медија Северна Америка и Ентертејмент 19, кое започна да се емитува на 11 јуни 2002 година на телевизијата Фокс. Дел од лиценцата на Идол е нуспроизвод на Британското шоу Поп Идол. Идејата на серијата е да се пронајде нов соло изведувач кој би станал еден од најпопуларните во историјата на Американската телевизија. Според рангирањето на Нелсен, Идол е најгледана ТВ серија до јануари 2011година и е единствената програма која била на врвот шест последователни сезони , надминувајќи ги сериите “Сите во фамилијата ” и “ Шоуто на Козби ” - серии кои биле на врвот пет последователни сезони.
Шоуто има за цел да го пронајде најдобриот пејач во земјата за којшто ќе одлучат гледачите. Преку телефонско гласање, интернет и АТ&Т СМС-гласање гледачите досега ги избраа победниците, како што се Кели Кларксон, Рубен Студард, Фантасија Барино, Кери Андервуд, Тејлор Хикс, Џордин Спаркс, Дејвид Кук, Крис Ален и Ли Де Вајз (напишани по хронолошки ред).
Серијата вработува група судии кои ја критикуваат изведбата на натпреварувачите. Првите тројца судии беа: добитникот на Греми награда, музички продуцент и музички менаџер Ренди Џексон, добитничката на Греми награда за поп пејач и добитничка на Еми награда, кореографката Пола Абдул и добитникот на награда за музички извршител и музички менаџер- Сајмон Коел. Од јануари 2011 година, групата на судии е составена од Џексон, Џенифер Лопес'American Idol' officially adds J.Lo and Harry Connick Jr. as judges Entertainment Weekly, Retrieved November 23, 2019- добитничка на наградата за пејачка/ глумица и музички продуцент, како и фронтменот на Аеросмит и добитник на Греми награда, пејачот и композитор Стивен Тајлер. Домаќин на сите сезони е радио диџејот Рајан Сикрест.
Извршните продуценти од конкурентните телевизии го опишаа шоуто како “највлијателно шоу во историјата на телевизијата“. Шоуто исто така стана отскочна штица за почнување на кариера на многу уметници, како вистински ѕвезди. Весникот “ Ентертејмент викли” напиша: “ ни ги подарија Кели, Кери, Дотри и Џ. Худ. Идол има главен збор, затоа што победниците на Фокс всушност имаат огромна слава. А, Тејлор Хикс? Тој е исклучок што го докажува тоа.”
Историја
Американски Идол е создаден врз основа на Британското шоу Поп Идол, кое всушност е инспирирано од Поп ѕвезди, кое пак ТВ шоу продуцентот Најџел Литго го забележа во Австралија и го донесе во Британија. Користејќи ја идејата на Поп ѕвезди за ангажирање на група судии кои избираат пејачи за аудиција како и додавање на други елементи, како што е телефонско гласање од страна на гледачите кое во тоа време веќе беше спроведено во емисии, како на пример Изборот на песна на Евровизија, Симон Фулер го создаде шоуто Поп Идол. Шоуто првпат беше емитувано во 2001 година во Британија каде што Најџел Литго беше продуцент, а Сајмон Коел беше еден од судиите. Шоуто постигнало голем успех кај гледачите.
Сајмон Фулер и Сајмон Коел се обиделе да ја продадат содржината на Поп Идол во САД во 2001 година, но таму идејата не била многу прифатена од ТВ мрежите. Мегутоа, Руперт Мурдок - претседателот на матичната компанија Фокс го купил шоуто поради неговата ќерка Елизабет која го убедила да го купи затоа што била обожавател на Британското шоу. Шоуто беше преименувано во Американски Идол: Потрага по Супер Ѕвезда, кое првпат беше емитувано летото во 2002 г. и стана една од летните хит емисии таа година. Со личен ангажман на гледачите кон натпреварувачите со гласање и присуството на Сајмон Коел- судијата без влакна на јазикот, ова шоу прерасна во феномен. До 2005 година шоуто стана најголемо ТВ шоу во САД- позиција која ја задржа 6 години. Шоуто моментално планира да се емитува до 2011 година.
Судии и водители
Првично, во шоуто се планирало да има четири судии, следејќи ја формата на Поп Идол, мегутоа за време на аудициите во првата сезона биле пронајдени само тројца судии- Ренди Џексон, Пола Абдул и Сајмон Коел. Четвртиот судија, радио диџејот Страјкер беше првично избран, но тој се повлече наведувајќи “загриженост за имиџот.” Во втората сезона познатата радио личност од Њујорк, Енџи Мартинес беше најмена како четврт судија, но се повлече само после неколку дена од аудициите затоа што не и било удобно да дава лоши критики. Шоуто реши да продолжи со тројца судии сè до осмата сезона. Тројцата првоизбрани судии останаа во групата осум сезони.
Во осмата сезона, Кара Дио Гарди - пејачка, текстописец и музички продуцент, номинирана за Латинските Греми награди беше додадена како четврт судија. Добитничката на Еми награда и водителка на говорна емисија- Елен ДеЏенерес ја замени Пола Абдул во таа сезона, но си замина само после една сезона. На 11 јануари 2010 година Сајмон Коел објави дека го напушта шоуто за да продолжи да го промовира своето шоу Икс-фактор во САД во 2011 година. Исто така, Кара Дио Гарди го напушти шоуто на 3 септември 2010 година после две сезони. На 22 септември 2010 година беше објавено дека Џенифер Лопес и Стивен Тајлер ќе се приклучат на судиската група.
Повремено можат да се вметнат и судии-гости. Во втората сезона Лајонел Ричи и Робин Гиб беа судии-гости кога останаа уште дванаесет кандидати. Исто така, во третата сезона Дона Самер, Квентин Тарантино и некои од менторите се приклучија кон судиите за да ги критикуваат изведбите во последниот круг. Судиите-гости беа присутни на аудициите во четвртата, шестата и деветтата сезона, дел од нив беа Џен Симонс и ЛЛ Кул Џ во четвртата сезона, Џевел и Оливија Њутн Џон во шестата сезона, Нил Патрик Харис и Шанаја Твен во деветтата сезона.
Судии
Ренди Џексон Пола Абдул (2002-2009 год) Симон Коел (2002-2010 год) Кара Дио Гарди (2009-2010 год) Елен ДеЏенерес (2010 год) Џенифер Лопес (2010-моментално) Стивен Тајлер (2011-моментално)
Водители
Рајан Сикрест Брајан Данклемен (2002)
Задебелените букви го означуваат судијата/ водителот кој во моментот суди/ води во тековната сезона.
Процес на избирање
Во неколку чекори шоуто го избира потенцијалниот победник од десетици илјади натпреварувачи.
Квалификации на натпреварувачите
Возраста на натпреварувачите е пожелно да биде од 15 до 28 години. Првичната старосна граница беше од 16 до 24 години во првите три сезони, но највисоката граница беше достигната до 28 години во четвртата сезона, а најмалата старосна граница беше намалена на 15 години во шестата сезона. Натпреварувачите мора да бидат легални грагани на САД и не треба да поседуваат никаква снимка или договор во кои е претставен нивниот талент, сè до полуфиналниот настап (во претходните години до настапот на аудициите).
Први аудиции
Нтпреварувачите поминуваат преку три строги серии на елиминирање.Првата е кратка аудиција со тројца натпреварувачи кои се претставуваат пред оценувачите, кои можат да бидат и некои од продуцентите на шоуто. Бројот на натпреварувачи може да ја надмине бројката од 10 000 илјади луѓе во секој град, но само околу 100 до 200 натпреварувачи од секој град може да го поминат првиот круг на преелиминарните аудиции.
Успешните натпреварувачи се праќаат на аудиција на која настапуваат пред продуцентите. Повеќето од натпреварувачите се исфрлаат во кругот во кој оценуваат продуцентите, пред да можат да продолжат на аудициите во кои оценуваат судиите- која што е и единствената аудиција што се прикажува во шоуто. Оние натпреварувачи кои се изберени од страна на судиите одат во Холивуд. Помеѓу 10 до 16 луѓе од секој град може да стигнат во Холивуд.
Недела во Холивуд
Во Холивуд натпреварувачите настапуваат поединечно или во групи во повеќе рунди. Претходните години судиите ги поделија елиминациите во три кругови. Во првиот круг натпреварувачите настапуваат во групи, но изведуваат поединечно. Во следниот круг натпреварувачите се поделуваат во мали групи и заедно ја изведуваат песната. Во последниот круг натпреварувачите настапуваат сами со песна по нивни избор- акапела или се придружувани од музички бенд, во зависност од сезоната. Во втората и во третата сезона од натпреварувачите се бараше да напишат оригинален текст или мелодија за во следниот круг.
Во седмата сезона кругот во кој се настапуваше во групи беше укинат и со согласност на судиите натпреварувачите можеа директно да влезат во финалето во Холивуд, после првиот самостоен настап каде што можеа да настапат со некој инструмент или да бидат придружувани од музички бенд. Вториот круг таа година беше сличен со првиот круг од претходните години. Во десеттата сезона беа додадени дополнителни кругови во Лас Вегас, како и повеќе самостојни настапи. На крајот на неделата во Холивуд 24 до 36 натпреварувачи се избираат да одат во полуфиналниот настап.
Гласање на публиката
Од полуфиналето па наваму, судбината на натпреварувачите ја одредуваат гласовите на публиката. За време на изведбата на натпреварувачите па сè до крајот на шоуто, на екранот е прикажан бесплатен телефонски број за секој од натпреварувачите. Во период од два часа (четири часа во финалето), откако ќе заврши епизодата, гледачите од сите часовни појаси во САД можат да се јават или да испратат текстуална порака на телефонскиот број на избраниот натпреварувач и секој повик или текстуална порака е запишана како глас за натпреварувачот. На гледачите им е дозволено да гласаат толку пати колку што можат во период од два часа, мегутоа шоуто го задржува правото да ги отфрли гласовите добиени од повеќекратно бирање.
Еден или повеќе од последните познати натпреварувачи можат да бидат елиминирани во неколкуте последователни недели сè додека не се прогласи победникот. Повеќе од 110 милиони гласови беа изброени во првата сезона, а до осмата сезона бројот се зголеми на 264 милиони гласови. Гласањето преку текстуални пораки беше овозможено во втората сезона кога спонзор на шоуто стана АТ&Т Ваерлес и беа испратени 7,5 милиони текстуални пораки во Американски Идол таа сезона. Бројот на текстуални пораки наеднаш се зголеми, достигнувајќи го врвот во осмата сезона со 178 милиони пораки. Гласањето преку интернет за првпат беше спроведено во десаттата сезона. Гласовите ги брои и ги потврдува здружението Телескоп.
Полуфиналисти Во првите три сезони, како и во осмата и десеттата сезона, полуфиналистите беа поделувани во различни групи и настапуваа поединечно во посебна вечер. Во првата сезона имаше три групи од по 10 натпреварувачи каде што најдобрите тројца натпреварувачи од секоја групата одеа во финале. Во втората и третата сезона имаше четири групи од осум натпреварувачи и беа избрани двајцата најдобри од секоја група.
Во осмата сезона имаше три групи од дванаесет натпреварувачи како и тројца натпреварувачи кои одат понатаму- највисоко пласираниот машки изведувач, највисоко пласираниот женски изведувач и следниот најдобро пласиран пејач. Во десеттата сезона момчињата и девојките настапуваа во различна вечер и беа изберени по петмина од нив. Во четири сезони имаше џокер рунда за оние натпреварувачи кои не усале да се квалификуваат, на коишто им се даде втора шанса. Во првата сезона судиите избраа само еден натпреварувач на кој му дадоа втора шанса, така што вкупниот број на финалисти беше 10. Во втората и третата сезона секој од судиите се залагал за еден ватпреварувач, при што публиката одлучила четворица од нив да влезат во финалето, така што бројот на финалисти стана 12. Во осмата сезона четворица финалисти беа избрани од страна на судиите и бројот на финалисти стана 13. Во десеттата сезона на тројца натпреварувачи им се даде втора шанса за повторно да бидат 13 финалисти.
Од четвртата до седмата сезона како и во деветтата сезона дваесет и четворицата финалисти беа поделени според полот со цел да има еднаква поделеност на половите кај најдобрите 12 натпреварувачи. Момчињата и девојките пееја одделно една по друга вечер и последните двајца од секоја група беа елиминирани секоја недела сè додека не останаа само шест натпреварувачи од секоја група за да останат дванаесетте најдобри финалисти.
Финале