мини|десно|Претстава на Мосовата скала на спомен-плоча на нејзиниот творец во Виена Мосова скала — скала со која се изразува цврстината на минералите, карактеризирајќи ја способноста на потврдиот материјал да го изгребе помекиот. Осмислена е во 1812 г. од германскиот геолог и минералог Фридрих Мос и претставува еден од неколкуте начини на изразување на цврстината (тврдоста) на материјалите.Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. 22 февруари 2009 „Мосова цврстина“ Методот на споредување на цврстината со гребење е многу стар. Прв го споменува Теофраст во неговата расправа „За камењата“ (~ 300 п.н.е.), а потоа Плиниј Постариот во неговото дело „Природознание“ (Naturalis Historia, ~ 77 г.).Теофраст - „За камењата“ Плиниј Постариот. Природознание. книга 37. глава 15. ADamas: six varieties of it. Two remedies.Плиниј Постариот, Природознание. книга 37. глава 76. Начини на проверка на драги камења

Минерали Мосовата скала на цврстина на минералите се заснова на способноста на примерок од еден материјал да изгребе примерок од друг. Мос користел само примероци на минерали како чисти супстанции што се среќаваат во природата. Камењата и карпите се составени од еден или повеќе минерали.Learn science, Intermediate стр. 42 Како најцврства природна супстанција, дијамантот се котира највисоко на скалата. Цврстината на еден материјал се наоѓа со споредба со скалата, т.е. наоѓајќи кој е најтврдиот материјал што дадениот материјал може да го изгребе, и/или најмекиот материјал што може да изгребе даден материјал. На пример, ако некој материјал може да се изгребе со апатит, но не со флуорит, тогаш неговата цврстина на Мосовата скала ќе биде некаде помеѓу 4 и 5.American Federation of Mineralogical Societies. "Mohs Scale of Mineral Hardness"

Мосовата скала е чисто редна скала. На пример, корундот (9) е двапати поцврст од топазот (8), но дијамантот (10) е речиси четири пати потврд од корундот. Во табелата подолу е дадена споредба со апсолутната цврстина измерена со склерометар, заедно со слики од примерите.Amethyst Galleries' Mineral Gallery Зошто е важна цврстината? Inland Lapidary Цврстина на минералите и скали на цврстина

Мосова цврстинаМинералХемиска формулаАпсолутна цврстинаСлика1талкMg3Si4O10(OH)21100п2гипсCaSO4·2H2O3100п3калцитCaCO39100п4флуоритCaF221100п5апатитCa5(PO4)3(OH–,Cl–,F–)48100п6ортоклазKAlSi3O872100п7кварцSiO2100100п8топазAl2SiO4(OH–,F–)2200100п9корундAl2O3400100п10дијамантC1600100п

На Мосовата скала, графитот (од кој е направена мината кај моливите) има цврстина од 1,5; нокт: 2,2–2,5; бакарна паричка: 3,2–3,5; џебно ноже: 5,1; сечило од нож: 5,5; прозорско стакло: 5,5; а челична турпија има цврстина од 6,5. на International Lapidary Association Плоча за траги (неглазиран порцелан за гребење на минералот за да се добие прав) има цврстина од 7,0. Користејќи ги познатите цврстини на овие обични материјали имаме прост начин на приближно утврдување на положбата на еден минерал на скалата.

Поподробен преглед на цврстини Во табелата подолу се наведени разни други супстанции што се котираат некаде помеѓу целобројните степени на цврстина:

ЦврстинаСупстанција или минерал0,2–0,3цезиум, рубидиум0,5–0,6литиум, натриум, калиум1талк1,5галиум, стронциум, индиум, калај, бариум, талиум, олово, графит2шестаголен боров нитрид,l. i. berger "semiconductor materials" crc press, 1996 isbn 0849389127, стр. 126 калциум, селен, кадмиум, сулфур, телур, бизмут2,5 - 3 магнезиум, злато, сребро, алуминиум, цинк, лантан, цериум, гагат (лигнит)3 калцит, бакар, арсен, антимон, ториум, дентин4 флуорит, железо, никел4 - 4,5платина, челик5 апатит, кобалт, циркониум, паладиум, глеѓ, опсидијан (вулканско стакло)5,5 берилиум, молибден, хафниум6 ортоклаз, титан, манган, германиум, ниобиум, родиум, ураниум6 - 7 стакло, кварцно стакло, железен пирит, силициум, рутениум, иридиум, тантал, опал7 кварц, ванадиум, осмиум, рениум7,5 - 8 кален челик, волфрам, смарагд, спинел8 топаз, циркониум диоксид8,5 хризоберил, хром 9 - 9,5 корунд, силициум карбид (јаглерунд), волфрам карбид, титан карбид, стишовит9,5 – 10 рениум диборид, танталов карбид, титански диборид, бор 10 дијамант>10 нанокристален дијамант (хипердијамант, ултрацврст фулерит)

Цврстина според Викерс Еве споредба на цврстината на материјалите по методот на Мос и методот на Викерс:

МинералЦврстина (Мос)Цврстина (Викерс)кг/мм2графит1 - 2VHN10=7 - 11калај1½ - 2VHN10=7 - 9бизмут2 - 2½VHN100=16 - 18злато2½ - 3VHN10=30 - 34сребро2½ - 3VHN100=61 - 65халкозин2½ - 3VHN100=84 - 87бакар2½ - 3VHN100=77 - 99галенит2½VHN100=79 - 104 сфалерит3½ - 4VHN100=208 - 224хејзелвудит4VHN100=230 - 254каролит4½ - 5½VHN100=507 - 586гетит5 - 5½VHN100=667хематит5 - 6VHN100=1.000 - 1.100хромит5½VHN100=1.278 - 1.456анатаз5½ - 6VHN100=616 - 698рутил6 - 6½VHN100=894 - 974пирит6 - 6½VHN100=1.505 - 1.520боувиит7VHN100=858 - 1.288 евклаз7½VHN100=1.310 хром9VHN100=1.875 - 2.000

Поврзано Бринелова скала Цврстина

Наводи

G.V. Samsonov (уредн.) во Handbook of the physicochemical properties of the elements, IFI-Plenum, New York, USA, 1968. Cordua, William S. "The Hardness of Minerals and Rocks" . Lapidary Digest, ~ 1990.

Категорија:Наука за материјалите Категорија:Минералогија Категорија:Испитување на производи

de:Härte#Härteprüfung nach Mohs