Географијата на Тувалу ги опфаќа земјишните облици во земјата, природните ресурси, животинскиот и растителен свет, водните површини и останати географски одлики.
Општи одлики Тувалу е држава во Тихиот Океан која е составена од три острови и шест атоли. Овие острови во минатото се нарекувале Елиски Острови. Тувалу е една од најмалите држави во светот со вкупна површина од 26 км2.
Од ноември до март во државата има силни врнежи и тропски температури. Земјата на островите е ниска и скоро секој остров е опколен од корален гребен. Највосока точка во земјата е 4.6 метри надморска височина на островот Ниулакита.
Местоположба
Тувалу се наоѓа во Океанија во Јужниот Тихи Океан. Во близина на Тувалу се Кирибатите. Географските координати на Тувалу се .
Површина Тувалу има вкупна површина од 26 км2. Државата нема копнени граници, а вкупниот брег изнесува 24 километри. Земјата е многу ниска.
Морски територии зона: 44 km економска зона: 370 km територијани води: 22 km
Клима
Климата во Тувалу е тропска со источни ветрови од март до ноември, а силни врнежни има од ноември до март.
Природни ресурси
Државата има големи залихи на риба.
Употреба на почвата
обработлива земја: 0% постојани насеви: 0% постијани пасишта: 0% шуми: 0% друго: 100% (1993 est.)
Еколошки проблеми
На Тувалу му прети опасност од целосно потопување на државата. Сите острови се ниски и се многу блиско до изедначување со нивото на Тихиот Океан.
Демографија
Населението на Тувалу се зголемило двојно после периодот од 1980. Народот во Тувалу е претежно од полинезиско потекло, додека околу 4% се микронезици. 97% од Тувалците се припадници на Црквата на Тувалу, главна протестантска црква во земјата. Тувалскиот јазик се зборува од скоро сите на островите и е службен јазик. Покрај него и англискиот е службен јазик но не е користен за секојдневна употреба. Парламентот и државната управа се на тувалски.
Поврзано Тувалу Острови во Тувалу
*