Иван (Ване) Занешев — македонски просветен деец, еден од раководителите во Борбата против Цариградската патријаршија во Воден, по неуспехот за обнова на Охридската архиепископија и создавањето на Бугарската егзархија, бил еден од водачите на антиегзархиското движење Ванчо Ѓорѓиев,Слобода или Смрт,Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година,201,Институт за историја -Филозофски факултет,Скопје,2003 учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација. Животопис Иван Занешев потекнувал од истакнатото воденско преродбеничко семејство Занешеви. Исто како татко му Димитар Занешев и тој ја помагал борба против Цариградската патријаршија. Со сопствени пари испраќал момчиња од Воден на школување во Бугарија. Заедно со своите браќа Христо и Зане ги поставил основите на револуционерната дејност во градот и биле покрстени од Даме Груев во Македонската револуционерна организација. Иван Занешев бил долгогодишен советник на кајмакамот и бил одликуван со султанов орден, но во април 1903 година е уапсен во врска со Солунските атентати Македоно-одрински куриер, бр. 15, 30 април 1903 г., стр. 2. Кирил Прличев за него пишува:
Занешевци беа чорбаџии, од нив Иван беше аристократ, одел во Италија, и репутација му беше не само на богат, но и на умен човекПърличев, Кирил, „36 години във ВМРО. Спомени на Кирил Пърличев“, ИК "Веда-МЖ", 1999 г., стр.?.
Неговите синови активно се вклучиле во македонското револуционерно движење. Најстариот син, Димитар раководител на организацијата во Воденско. Христо и Михаил Занешев за време на Балканската војна се запишале во 2-ра чета при 14-та Воденско дружина на Македонско-одринското ополчение Македоно-Одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, авторски колектив, 2006..
Тешко болен, Иван Занешев ја напуштил Егејска Македонија, по доаѓањето на грчките власти, и умрел во Софија во 1936 година.
Белешки
Извори
Категорија:Занешеви Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски општественици Категорија:Починати во 1936 година