мини|Поедноставена репрезентација на Ерик Картман. Ерик Картмен е измислен лик од Американската анимирана телевизиска серија "Саут Парк"(South Park). Тој е еден од четирите главни ликови заедно со Стен Марш, Кајл Брофловски и Кени Мек Кормик, кој често е претставен како главен противник во серијата и спротивност на неговите пријатели, кои најчесто му се обраќаат со неговото презиме. Тој за првпат се појави на телевизија кога Саут Парк за првпат се емитуваше на 13 август 1997 година; претходно се појави во краткометражните филмови, "Духот на Божиќ", кои ги направија Треј Паркер и Мет Стоун во 1992 година (Исус против Фрости) и во 1995 година (Исус против Дедо Мраз).

Со гласот на Треј Паркер, Картмен е предебел, незрел, разгален, мрзлив,безобразен, злобен, расист, сексист, антисемитичар, социопат, нарцис и намуртен ученик од трето, а потоа четврто одделение, кој живее заедно со својата мајка во измислениот град Саут Парк, Колорадо, каде секојдневно доживува необични искуства кои не се типични за класичниот живот во мал град.

Картмен е еден од најпопуларите ликови во шоуто и остана еден од најпрепознатливите телевизиски ликови, откако Саут Парк стана вистински хит за време на првата сезона. Паркер и Стоун го опишуваат ликот како „малиот Арчи Банкер“ и изјавуваат дека тој е нивниот омилен лик и оној со кој намногу се поврзани. За време на своите четиринасет сезони Саут Парк доби пофалби како и критики за склоноста на Картмен да биде политички некоректен и зачудувачки безбожен. Значајни соопштенија и телевизиски канали го ставија Картмен на нивните листи како еден од најсимболичните телевизиски и цртани ликови на сите времиња.

Улогата во Саут Парк Картмен го посетува основното училиште во Саут Парк и е дел од третото одделение, во кое предава г. Гарисон. За време на првите 58 епизоди од серијата (1997 година до четвртата сезона во епизодата „Четврто одделение“, во 2000 година), Картмен и другите главни детски ликови се во трето одделение. Тој е единец , кој го воспитува неговата мајка Лејн Картмен, промискуитетна, самохрана мајка, која во епизодата Мајка му на Картмен сѐ уште е безобразана курва (1998 година) е претставена како меѓуполова, кога изјавува дека таа е таткото на Картмен. Во 14 сезона (2010 година) во епизодата „201“ се открива дека Лејн е всушност неговата мајка, а дека неговиот билошки татко е Џек Тенорман, измислен поранешен играч за Денвер Бронкос, кој Картмен го убива во петтата сезона (2001 година), во епизодата „Скот Тенорман мора да умре“ со што Картмен и Скот се полубраќа. Во неемитуваната епизода на Саут Парк, Картмен има татко чие име не е откриено.

Заедно со другите главни детски ликови од серијата, Картмен се разликува по тоа што тој е „дебелиот“, и неговата дебелина постојано е предмет за навреди од другите ликови за време на емитувањето на серијата. Картмен е постојано претставен како противник и негативец, чии дејства се почеток на настаните, кои се главни содржини во една епизода. Другите деца и соученици се оддалечени поради неговото нечувствително, сексистичко, расистичко, хомофобично, антисемитистичко, мрзливо, вообразено и многу несигурно однесување,Arp and Miller, pp.177–88 но понекогаш се под влијание на неговото наметливо, манипулативно и пропагандно глупирање.Arp and Johnson, pp. 213–23 Исплашен да не ја уништи својата репутација по загубата во тепачката со Венди Тестабургер во 12 сезона (2008), во епизодата „Најголемото шоу за рак на дојка“, Картмен дознава од неговите соученици дека нивното мислење за него е веќе на место од каде не може да оди подолу.

Кајл е Евреин, и често е цел на клетвите и антисемитичките навреди. Тие се непријатели од почетокот на серијата и со емитувањето на епизодите, нивното соперништво станува сѐ поголемо, бидејќи Картмен по навика го изложува Кајл на физичка опасност. Паркер и Стоун ја споредуваат нивната поврзаност со онаа на Арчи Банкер и Мајкл Стивик во комедијата на ситуацијата од 1970те во ==Сите во семејството==. Кајл има склоност да склучува сигурни облози со Картмен, но често ги губи, бидејќи неочекуваните дејства, кои Картмен ги ветува, се остваруваат. Во однос на тоа, мотивацијата на Картмен не е само парична добибка, туку опсесија за да го победи Кајл, замисла, која има најголем дел во вторичниот заплет во епизодата од три дела Земја на фантазијата (11 сезона, 2007 година). Навредите на Картмен за Стен се најчесто кога Картмен гордо ја изјавува неговата омраза за Стен и Кајл како дуо, а неговите омаловажувања за Стен како поединец се ограничени со неговата вознемреност поради чувствителноста на Стен, посветеноста кон животните и неговата врска со Венди.

И покрај тоа што не ги толерира другите култури, Картмен поседува вештина за изучување на странските јазици. Во епизодата „Моето идно јас и јас“, кога ја создава својата компанија „Здружение за одмазда на родителите“, тој зборува шпански јазик со неговите вработени, кои се од Шпанија. Иако јазикот го научил само од праикчна гледна точка, со цел подобро да ги искористи работниците. Не е чудно што тој зборува и германски јазик, најверојатно поради Нацистите и неговите рацистичи сфаќања. Тој зборува германски, облечен како Адолф Хитлер.

Картмен постојано го задева Кени, поради тоа што е сиромашен и го исмејува неговото семејство поради тоа што добиаат социјална помош. Исто така за време на нивните разговори употребува чудна пауза за да го потсети Кени дека го мрази. Злонамерните постапки на Картмен кон Батерс и врската која ја има дуото порасна во неодамнешните сезони на серијата. Ова е поврзано со интересот на Паркер,бидејќи сцените помеѓу Картмен и Батерс се оние кои тој најмогу сака да ги пишува. Во неколку епизоди главна е алчноста на Картмен и неговите шеми за брзо збогатување, иако неговите бројни обиди да стане богат генерално не успеваат. Неговиот огромен презир за хипиците служи за да ја исмее против културата од 1960те и нејзиното влијание во современото општество ја отсликуваат одбивноста на Паркер во вистинскиот живот за хипиците. Иако улогата по навика ја преземаат Стен и Кајл, Картмен понекогаш е тој што размислува за научените лекции за време на траењето на епизодата, со говор кој често започнува со: „Знаеш, јас научив нешто денес...“.

Лик Создавање и дизајн 300px|мини|Косплеј како Картмен Претходник на првото појавување на Картмен во првата Духот на Божиќ, преименувана Исус против Фрости, ја направија Стоун и Паркер во 1992 годна додека студираа во Универзитетот во Колорадо. Во краткометражната епизода Картмен всушност се викаше Кени, и кога злобниот снешко го уби ликот кој го претставуваше Картмен, се појави популарната фраза „О Господе, тие го убија Кени!“. Ликот беше составен од исечоци од колаж, анимирани преку употребата на запирање на движењето. Кога три години подоцна, нивниот пријател Брајан Гарден ги задолжи да направат друга краткометражна епизода како Божиќна честитка во форма на видео, која ќе можат да им ја пратат на пријателите, Паркер и Стоун направија друга слична анимирана епизода Духот на Божиќ, преименувана Исус против Дедо Мраз. Во оваа краткометражна епизода, ликот првпат се појавува како што е и во серијата, неговото име е „Картмен“, додека ликот на Кени се појавува како ликот што се појавува денеска со прекарот на Картмен од претходната краткометражна епизода.

Картмен потоа се појавува на 13 август 1997 година, кога Саут Парк дебитираше на Комеди Централ со епизодата „Картмен добива анален тест“. За да се зачува анимираниот стил на серијата, Картмен е составен од едноставни геометриски форми и основни бои. Тој ја нема истата слобода на движење поврзана со слободно-нацртаните ликови, неговиот лик е најчесто претставен од една страна и неговите движења се намерно непрекинати. Од втората епизода на серијата, „Здебелување 4000“ (прва сезона, 1997 година), Картмен како и сите други ликови во серијата беше анимиран со помош на компјутерски софтвер, иако тој е претставен за да се добие впечаток дека серијата уште ја употребува оригиналната техника.

Картмен носи зимска облека: црвена јакна, кафени панталони, жолти ракавици и тиркизна плетена капа со жолта боја на рабовите и жолто топче на врвот. Има кафена коса разделена на патец и тој за разлика од другите ликови најчесто ја вади капата и прави најразлични фризури. Бидејќи е предебел, неговото тело е широко, неговите раце се значително подолги и неговата глава има поокругла форма во однос на другите глави на децата. Дополнителна заоблена линија на неговото лице е вториот подбрадок. Иако Паркер го користеше својот глас за Картмен без компјутер, тој сега го прави тоа преку зборување во рамките на својот нормален глас со детско менување на гласот. Снимениот звук го монтира заедно со про-алатки и нивото се менува за да може гласот да звучи како на дете од четврто одделение. Паркер вели дека за да се постигне ефектот на гласот на Картем, тој едноставно ја употребува истата техника кога го снима Стен ,но „додава многу дебелина на сето тоа“.

Развој Ликот на Картмен и неговото име се направени по соученикот од средно училиште на Паркер, Мет Картмен, кој им е пријател и на Паркер и на Стоун. Ликот на Картмен е инспириран и од патријархот Арчи Банкер од серијата Сите во семејството, а Стоун и Паркер му се големи обожаватели. Тие изјавија дека по воведувањето на политичката коректност во телевизијата во доцниот 20век, со претставувањето на Картмен како „мало осумгодишно дебело дете“, им е полесно да претстават лик сличен на Банкер. Додека го создаваа ликот, Паркер забележа дека сите го паметат „дебелото досадно дете од нивнито минато“ или „тие биле досадното дебело дете“. Стоун забележал дека „децата не се мили, невини, мали виножита, кои сакаат цвеќиња(...) тие немаат никаков социјален осет за етика, тие се совршени, мали нескротливи копилиња“.

Во петтата сезона (2001 година), во епизодата „Скот Тенорман мора да умре“, Картмен, чувствувајќи се целосно измамен за 16 долари, од локално дете од деветто одделение кое се вика Скот Тенорман, успешно извршува детален план за јавно да го понижи Скот пред неговиот омилен бенд Radiohead, но не пред да ги убие неговите родители и потоа да го измами да ги изеде.

Сценаристите на серијата за време на изработувањето на епизодата разговараа дали оваа случка е или не е „преголем залак, дури и за Картмен“. Паркер чувствуваше дека сцената може да биде кулминација на социопатското однесување на Картмен и дека ќе „постави нова препрека“ со претставувањето на Картман како способен да изверши еден вид на убиство. Обожавателите реагираа со рангирање на „најголемиот момент на Картмен“ во анкетата од 2005 година на веб блогацијата на Комеди Централ. Подоцна е откриено дека Џек Тенорман, таткото на Скот, е татко и на Картмен, со што ова убиство е таткоубиство. Покрај тоа што е основата за Стен и Кајл, Картмен им е омилен лик на Паркер и Стоун, и оној во кој најмногу се препознаваат.

Личност и одлики Картмен е безобразен, (како и неговите пријатели) и со него Паркер и Стоун го искажуваат своето мислење за тоа како навистина разговараат децата кога се сами. Според Паркер, Картмен не ја поседува „основната хармонија“, која ја имаат останатите детски ликови во серијата. Картмен се забавува со телесни функции и шеги за тоалет, а неговите омилени телевизиски личности се Теренс и Филип, канадско дуо чии комични навики во нивното шоу-во-рамките-на шоуто во суштина се поврзани со шеги за прдење. Картмен не ја признава својата дебелина и често ја нагласува забелешката на Лејн, извикувајќи: „Јас не сум дебел, имам широки коски!“. Тој се гледа себеси како позрел од неговите другари и соученици, и често е нетрпелив кога е во нивно друштво. Ова често води до гласни караници, кои во постарите сезони завршуваат со Картмен кој разлутено вели : „Кој ве ебе......си одам дома!“. Во една акција на Кралскиот колеџ професорот по филозофија Дејвид Кајл Џонсон го опиша како „директен во остварувањето на својата среќа или на туѓата несреќа“, Картмен често глуми вистинско пријателство со своите соученици кога му треба услуга.