Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во ) — македонски поет, есеист, критичар и преведувач.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 255.
Активности Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за книжевност, уметност и култура „Стремеж“ од Прилеп. Уредник-советодавец е на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“. Член е на издавачкиот совет на референтното научно списание „Сајбер литература“. Бил стручен советник за македонска поезија во меѓународниот поетски проект „Други гласови“ - антологија на светската поезија вклучена во World Poetry Directory на УНЕСКО.НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје: Денови на светската книжевност, 25. 4. 2016Телеграф, 1. 8. 2013
Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, британското Поетско друштво (The Poetry Society)Нетпрес, 21. 7. 2009Култура во РМ, 21. 7. 2009Вечер, 22. 7. 2009Утрински весник, 22. 7. 2009 и Светското поетско друштво.Био-библиографија на Јовица Тасевски - Етернијан Почесен член е Австралиското поетско друштво.Вест, 24. 1. 2011Вечер, 24. 1. 2011
Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што е доделувано во Индија, за исклучителен придонес во современата поезија.Сител, 16. 4. 2016А1он, 16. 4. 2016
Заедно со Маја Апостолоска, тој го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како посебен број на списанието „Стремеж“ (11/12.2000). Приредувач е и на антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).
Врз основа на неговата поезија, во 2005 година, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, била изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска.
Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави."Поезијата на Етернијан во американско списание", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 27.
Творештво „Нешто се слуша“ (поезија, 1995) „Визии. Глагол“ (поезија, 1997) „Веда“ (поезија, 1998) „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000) „Клатно“ (поезија, 2001) „Небесни стражи“ (поезија, 2004) „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006) „Синтакса на светлината“ (поетски избор, том 91 во проектот „Македонска книжевност“, 2008) „Синтаксис на светлината“ (поетски избор, препев на бугарски јазик, 2010) „Syntax of the Light“ (поетски избор, препев на англиски јазик, 2011) „Исход“ (поезија, 2012).
Одзиви За неговата поезија се напишани повеќе позитивни критички осврти и студии од македонски и странски автори. Во објавените прилози и осврти во странство за песните на Етернијан се истакнува дека „се одликуваат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“ („Виндмилс“, Универзитет Диакин, Австралија), „исполнети се со инвентивни и импресивни поетски слики“ и се одликуваат со „интелектуална и духовна длабочина“ („Бук Тајмс“, САД), неговите дела имаат „митски квалитети на сакрален текст“ и „извираат од моќна поетска имагинација“ („Калина Ривју“, Велика Британија), се нагласува дека „поезијата на Етернијан е мистична, елиптична, повеќезначна и се одликува со раскошна, уникатна и впечатлива сликовитост, која произлегува од стремежот кон бескрајноста“ („Рекурс о поем“, Франција) и дека пристапот на Етернијан кон пишувањето поезија е „многу креативен, сложен, интелектуален и духовен, при што во неговите песни може да се најдат длабочина и целосност какви што ретко се сретнуваат денес“ (д-р Шаменаз Шеик, „Болоџи“, Индија).МИА, 16.4.2016
Надворешни врски „Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан Блог на Јовица Тасевски - Етернијан
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје