Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) — приватна хуманитарна институција со седиште во Женева, Швајцарија. Земјите кои се дел од Комитетот, потписнички на Четвртата женевска конвенција од 1949 г. и нејзините дополнителни протокли од 1977-2005 г., му доделиле мандат на МКЦК да ги заштитува жртвите од меѓународните и внатрешните воени конфликити. Во таквите жртви спаѓаат ранетите за време на војните, затворениците, бегалците, граѓаните и други. МКЦК е дел од Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина заедно со Меѓународната федерација и 186 национални друштва. Тоа е најстарата и најценета организација во рамките на Движењето и една од најшироко признатите организации во светот, а има добиено и три Нобелови награди за мир во 1917 год, во 1944 г. и во 1963 г.
Историја Солферино, Анри Динан и основање на МКЦК
десно|мини|Анри Динан, автор на „Сеќавање на Солферино“. Сè до средината на 19-иот век не постоел организиран и добро воспоставен систем за грижа на војската при несреќни случаи, и немало безбедни и заштитени институции за сместување и лекување на оние коишто биле ранети на бојното поле. Во јуни 1859 г. швајцарскиот стопанственик Анри Динан патувал кон Италија за да се сретне со францускиот цар Наполен III со намера да дискутира за тешкотиите при извршувањето на своите деловни работи во Алжир, кој во тоа време бил окупиран од Франција. Кога тој пристигнал во малиот град Солферино, вечерта на 24 јуни, бил сведок на Битката во Солферино, која се случила како дел од војната помеѓу Австрија и Сардинија. Во еден ден околу 40.000 војници на двете страни загинале или биле оставени ранети на бојното поле. Анри Динан бил шокиран од ужасните последици од битката и од речиси целосниот недостаток од медицинска помош и основна нега. Тој целосно ја напуштил првичната намера на своето патување и посветил неколку денови на лекување и грижа за ранетите. Во организирање на повеќе помош успеал така што го мотивирал населението да помага без дискриминација. Кога се вратил дома во Женева решил да напише книга под наслов „Сеќавањето на Солферино“, која што ја издал со сопствени средства во 1862 г. Копии од книгата пратил на водечки политички и воени фигури ширум Европа. Освен тоа, за поинтензивно обележувањето на своето искуство во Солферино во 1859 г., јасно ја застапувал идејата за создавање на национални организации за волонтерска помош кои ќе им помагаат на ранетите војници во случај на војна. Притоа, побарал со создавањето на меѓународните договори да обезбеди неутралност и заштита за ранетите на бојното поле, како и лекови и теренски болници. мини|лево|Оригинален документ од Првата женевска конвенција, 1864 г.
На 9 февруари 1863 г. во Женева, Анри Динан го основал ,,Комитетот на петорицата” (заедно со четири други водечки фигури од добро познати женевски фамилии), комисија за истрага на женевското општество за јавно богатство. Нивната цел била да се испита можноста за реализирање на идеите на Динан и да се организира Меѓународна конференција за нивно можно спроведување. Членови на Комитетот, освен Динан, биле и Густав Мојние, адвокат и претседавач на Женевското друтво за јавно богатство, физичарот Луј Апија, којшто имал значително искуство како теренски хирург, Теодор Моноир, пријател и колега на Апија од Женевската комисија за здравје и хигиена, и Анри Дуфор, реномиран генерал од Швајцарската армија. Пет дена подоцна, тие решиле да го преименуваат Комитетот во ,,Меѓународен комитет за помош на ранетите.’’ Во периодот од 26-29 октомври 1863 г., во Женева се одржала Меѓународната конференција организирана од страна на комитетот, со цел да се развијат мерки коишто би можеле да се преземат за подобрување на медицинските услуги на бојното поле. На Конференцијата присуствувале 36 лица, од кои 18 биле официјални пратеници од националните влади, 6 биле делегати од други невладини организации, 7 биле неофицијални странски делегати, како и петте членови на Меѓународниот комитет. Следниве земји и кралстава имале официјални пратеници: Баден, Баварија, Франција, Британија, Хановер, Хесен, Италија, Холандија, Австрија, Прусија, Русија, Саксонија, Шведска и Шпанија. Меѓу предлозите кои биле запишани во конечните резолуции на Конференцијата, усвоени на 29 октомври 1863 г., биле и следниве:
основање на национални општества за помош на ранетите војници; неутралност и заштита за ранетите војници; примена на волонтерска помош на бојното поле; организирање на дополнителни конфернции за донесување на овие концепти со легално склучени меѓународни договори и воведување на карактеристичен заеднички симбол за заштита на медицинскиот персонал на терен, главно бела лента со црвен крст.
десно|мини|Споменик во чест на првата употреба на симболот на Црвениот крст при вооружен конфликт за време на Битката во Дубол, Данска во 1864 г., изграден заеднички, во 1989 г., од националните друштва на Црвениот крст на Данска и Германија
Само една година потоа, швајцарската влада ги поканила владите на сите европски земји, како и на САД, Бразил и Мексико, да присуствуваат на официјална дипломатска конференција. Шеснаесет земји испратиле вкупно дваесет и шест делегати во Женева. На 22 август 1864 г., на Конференцијата е усвоена првата Женевска конвенција ,,за подобрување на условите на ранетите војници на бојното поле.’’ Претставници од 12 земји и кралства ја потпишале конвенцијата: Баден, Белгија, Данска, Франција, Хесен, Италија, Холандија, Португалија, Прусија, Швајцарија, Шпанија и Виртемберг. Конвенцијата имала 10 члена, и со неа за првпат се воспоставиле легално склучени правила кои гарантирале неутралност и заштита за ранетите војници, медицинскиот персонал на теренот, како и на посебни хуманитарни институции за време на вооружени конфликти. Исто така, со конвенцијата се дефинирале и две посебни барања за националните друштва за помош, за кои се барало да бидат признати од страна на Меѓународниот комитет:
националното друштво мора да биде признато од својата сопствена влада како друштвово за помош во согласност со Конвенцијата и националната влада на соодветната земја мора да биде земја-потписничка на Женевската конвенција.
Директно следејќи го воспоставувањето на Женевската конвенција, првите национални друштва биле основани во Белгија, Данска, Франција, Олденбург, Прусија, Шпанија и Виртемберг. Исто така, во 1864 г. Луј Апија и Чарлс Ван де Велде, капетан на холанската армија, станале првите независни и неутрални делегати кои работеле под симболот на Црвениот крст за време на вооружен конфликт. Три години подоцна, во 1867 г., се случила првата Меѓународна конференција на националните друштва за помош, на тема грижа за ранетите во случај на војна.
Во 1867 г. Анри Динан бил присилен да прогласи банкрот заради пропаѓање на бизнисот во Алжир, делумно поради тоа што ги запуштил своите деловни интереси за време на неговите неуморни активности за Меѓународниот комитет. Контроверзните деловни зделки кои го опкружувале Динан придонеле за негативно јавно мислење, кое комбинирано со актуелниот конфликт со Густав Мојниер, довело до исклучување на Динан од позицијата член и Секретар на МКЦК. Бил обвинет за измама при банкротот и бил издаден налог за негово апсење. Заради тоа бил принуден да ја напушти Женева и никогаш не се вратил во својот роден град. Во следните години, национални друштва биле создадени во речиси сите земји во Европа. Во 1876 г. Комитетот го усвоил името ,,Меѓународен комитет на Црвениот крст’’ (МКЦК), кое и денес е негово официјално име. Пет години пдоцна, со напорите на Клара Бартон е основан и Американскиот Црвен Крст. Сè повеќе земји ја потпишувале Женевската конвенција и ја почитувале и во пракса за време на вооружените конфликти. За многу краток период, Црвениот крст добил огромна сила како меѓународно почитувано движење, а националните друштва станувале се попопуларни како места за волонтерска работа.
Кога во 1901 г. била доделена првата Нобелова награда за мир, Норвешкиот нобелов комитет одлучил да им ја додели заедно на Анри Динан и Фредерик Паси, водечки меѓународен пацифист. Позначајно отколку самата чест која ја носи наградата било официјалното прославување од Меѓународниот комитет на Црвениот крст со кое што се повратил изгубениот углед на Анри Динан и претставувало признание за неговата клучна улога во создавњето на Црвениот крст. Динан починал девет години подоцна во здравстевно одморалиште во малото гратче Хајден. Само два месеци пред тоа починал и неговиот долгогодишен противник, Густав Мојние, кој оставил белег во историјата на Комитетот како претседател кој најдолго време досега бил на функција.
Во 1906 г., Женевската конвенција од 1864 г. за првпат била преработена. Една година потоа, Хашката конвенција, усвоена на Втората меѓународна мировна конфернција во Хаг, го проширила предметот на Женевската конвенција и го опфатила и поморското војување. Кратко пред почетокот на Првата светска војна во 1914 г., 50 години по основањето на МКЦК и усвојувањето на првата Женевска конвенција, имало околу 45 национални друштва за помош ширум светот. Движењето се проширило од Европа и Северна Америка до Централна и Јужна Америка (Аргентина, Бразил, Чиле, Куба, Мексико, Перу, Ел Салвадор, Уругвај, Венецуела), Азија (Репулика Кина, Јапонија, Кореја, Сијам) и Африка (Република Јужна Африка).
Првата светска војна
десно|мини|Француска разгледница која што ја слави улогата на Црвениот крст за време на Првата светска војна, 1915 г.
Со почетокот на Првата светска војна, МКЦК се соочил со огромни предизвици кои единствено можеле да се решат преку блиска соработка со националните друштва на Црвениот крст. Медицинските сестри на Црвениот крст од целиот свет, вклучувајќи ги и САД и Јапонија, помагале при давањето медицински услуги на вооружените сили на европските земји коишто биле вклучени во војната. На 15 октомври 1914 г., веднаш по почетокот на војната, МКЦК основал Меѓународна агенција за затвореници од војната, која до крајот на 1914 г. имала 1200 членови, од кои најголем дел биле волонтерски персонал. До крајот на војната, Агенцијата предала околу 20 милиони писма и пораки, 1,9 милиони пораки и околу 18 милиони швајцарски франци во донации на Агенцијата, околу 200 000 затвореници биле разменети помеѓу страните кои војувале, ослободени од заложништво и вратени во своите земји. Агенцијата, со организирањето на индекс-картичка, собрала околу 7 милиони записи во периодот од 1914-1923 г., и секоја картичка претставувала посебен затвореник или исчезната личност. Картичката помогнала при идентификацијата на околу 2 милиони лица, како и при овозможувањето на контакт со нивните семејства. Денес, целосниот индекс МКЦК го има дадено на заем на Музејот на Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина во Женева. Правото за пристап до индексот сè уште го има само МКЦК.
Во текот на целата војна, МКЦК надгледувал дали страните кои војуваат се раководат во согласност со Женевската конвенција од 1907 г. и потоа праќал жалби за прекршоците до соодветната земја. Кога за време на војната за првпат било употребено хемиско оружје, МКЦК остро протестирал против овој нов начин на војување. И покрај тоа што МКЦК немал мандат од Женевската конвенција, сепак се обидел да го амелиорира страдањето на цивилното население. На териториите кои официјално биле означени како ,,окупирани територии’’, МКЦК, врз основа на Хашката конвенција од 1907 г., ,,Закони и обичаи при војна на копно’’, можел да му помогне на цивилното население. Оваа конвенција била и права основа за работата на МКЦК со затворениците за време на војната. Како дополнеие на работата на Меѓународната агенција за затворениците од војната, како што и погоре е опишано, тоа вклучувало и посети за преглед на логорите. До крајот на војната, вкупно 524 логори низ Европа биле посетени од страна на 41 делегат од МКЦК.