Јохан Готлиб Фихте (герм. Johann Gottlieb Fichte; 19 мај 1762 - 27 јануари 1814) — германски идеалистички филозоф. Еднa од основачките фигури на филозофско движење познато како германски идеализам, кое се создало од теоретските и етичкитe дела на Имануел Кант. Фихте често се смета за личност чија филозофија претставува мост меѓу идеите на Кант и на идеалистот Георг Вилхелм Фридрих Хегел. Од неодамна филозофите и научниците почнаа да го ценат Фихте како важен филозоф и неговото гледиште кое се должи на неговата оригинална проникливост во природата на сознанието или самосвест. Како Декарт и Кант пред него, тој бил мотивиран од проблемот на субјективноста и сознанието. Фихте исто така пишувал политичка филозофија и се смета за еден од татковците на германскиот национализам.

Животопис Потекло Фихте е роден во Раменау (Рамнов), Горна Лужица. Син на ткајач, со селско потекло, чие семејство живеело во овој регион со генерации. Семејството било забележано во соседството по својата чесност и побожност. Кристијан Фихте, таткото на Јохан Готлиб, се оженил со девојка која била од повисоките кругови. Се смета дека одредена нетрпеливост која Фихте самиот ја прикажал во текот на неговиот живот ја наследил од неговата мајка.

Младиот Фихте ја добил основата на образованието од својот татко. Тој рано покажал извонредно знаење, и со тоа се здобил со сопствен углед меѓу селаните со што ја добил можност за подобро образование, отколку што инаку би добил. Според приказната, земјопоседникот Фрајхер од Милитц ,задоцнил за да ја слушне проповеда на локалниот пастор. Сепак, тој бил информиран дека момчето од соседството ќе може да ја повтори проповедта речиси од збор до збор. Како резултат на тоа баронот го зел детето во сопствена заштита.

Рано школување

Фихте бил сместен во семејството на свештеникот Кребел во Нидеррау во близина на Мајзен и оттаму добил темелна основа во класиката. Оттогаш Фихте многу малку ги гледал своите родители .Во октомври 1774 тој присуствувал на прославата при отворањето на училиштето во близина на Форта Намбург. Ова училиштето е поврзано со имињата на Новалис, Август Вилхелм Шлегел и Фридрих Шлегел, Фихте и Ниче. Оваа институција била полу монашка , додека пак образованието во таа насока било одлично, по се судејќи, Фихте немал нормален социјален живот и контакти со ученици, со темперамент како неговиот. Веројатно неговото образование ја зајакнала тенденцијата кон самоанализа и независност, одлики кои силно доаѓаат до израз во неговите доктрини и пишувања.

Теолошки студии

Во 1780 тој започнал да студира на теолошкиот факултет во Јена. Се чини дека Фихте го издржал периодот на тешка сиромаштија и сурова борба. Во 1784 без да го заврши своето образование,тој го напушта студирањето. Во текот на годините 1784-1788, тој се издржувал на несигурен начин како учител во различни саксонски семејства. Потоа Фихте работел две години како приватен тутор во Цирих , и тоа е период на големо задоволство.Антони Џ. Ла Вопа, Fichte: The Self and the Calling of Philosophy, 1762-1799, Cambridge University Press, 2001, стр. 26. Тука Фихте се сретнал со Јохана Ран, и се запознал со Песталоци. Во 1790 Фихте се свршил со Јохана Ран, која била внуката на познатиот поет Ф.Г. Клопшток. Во 1790 Фихте почнал да го проучува делото на Кант, што требаше да има долготраен ефект врз траекторијата на неговиот живот и мисла. Додека тој ја прифаќаше Кантовска филозофија и се подготвуваше да ја развие, судбина му зададе удар, семејството Ран доживеал финансиски неуспех, и поради тоа, склучувањето на бракот морало да биде одложено.

Кант

Од Цирих Фихте се вратил во Лајпциг, а во 1791 година се стекнал со туторство во Варшава, во куќата на еден полски благородник. Меѓутоа ситуацијата се покажала непријатна. За кратко време тој бил отпуштен. Потоа добил шанса да се види со Кант во Кенигсберг. По разочарувачкото интервју, тој самиот се затворил во изнајмената соба и ја фрлил сета своја енергија во составувањето на есејот, за да го сврти вниманието и интересот на Кант. Есеј беше завршен за пет недели, бил „Обид за критика на целото откровение („Versuch einer Kritik Aller Offenbarung“) во 1792 година.

Оваа книга ги истражува врските меѓу божественото откровение и критичката филозофија на Кант. Првото издание на книгата било објавено без знаење на Кант или Фихте, без името на Фихте и потпишан вовед; тоа е погрешно, се мислеше дека е тоа некое ново дело од самиот Кант. Сите вклучувајќи ги и првите критичари на книгата го сметаа Кант за авторот на книгата, но тој го расчисти недоразбирањето и јавно му оддаде признание на работата и авторот; се зголемува угледот Фихте, како и многу интелектуалци кои мислеа дека тоа беше "... најшокантна и неверојатна вест... [додека ], но никој освен Кант не би можел да ја напише оваа книга.

Јена

Во октомври 1793, тој бил женет во Цирих, каде што останал до крајот на оваа година. Поттикнат од настаните и принципите на Француската револуција, тој напишал и објавил анонимно две брошури кои го одбележале како бранител посветен на слобода на мислата и акцијата и како застапник на политичките промени. Во декември истата година, тој добил покана да ја пополни позицијата на вонреден професор по филозофија на Универзитетот во Јена. Фихте прифатил и го започна своето предавање во мај следната година. Со извонредна ревност, тој го објаснил неговиот систем за "трансценденталниот идеализам." Неговиот успех бил ненадеен. Се чини дека тој се истакнал како предавач, поради сериозноста и силата на неговата личност. Овие предавања подоцна биле објавени под наслов “Професија на интелектуалецот”. Тој се оддаде на интензивна работа, и наскоро се појавија серија од дела.

Спор за атеизмот

Откако преживеал неколку академски расправии, конечно бил отпуштен од Јена во 1799 година како резултат на расправата околу атеизмот. Тој бил обвинет за атеизам во 1798 година, по објавувањето на неговиот есеј "Ueber den Grund unsers Glaubens an eine göttliche Weltregierung" (“Врз основа на нашето верување во владеењето на божествениот свет”), кој го напишал како одговор на есејот на Фридрих Карл Форберг "Развој на концептот за верата ", во неговиот филозофски весник. Според Фихте, Бог треба да биде сфатен првенствено во морална смисла. За многумина, ваквиот концепт би му го одземал нему карактерот, и залудно Фихте ја негира атеистичката природа на неговата доктрина.Бреазеале, Дан, "Johann Gottlieb Fichte", The Stanford Encyclopedia of Philosophy (Spring 2012 Edition), Едвард Н. Залта (уредник).

Берлин

Откако сите германски држави освен Прусија, гласно се побунија против него, тој бил принуден да оди во Берлин. Тука се поврзувал со Шлегел, Шлајермахер, Шелинг и Тик. Во април 1800, унгарскиот писател Игнац Аврелиј Феслер го претставил Фихте на слободноѕидарската ложа на Питагора на Blazing Star на која што и се прилкучил и подоцна бил избран за заменик. Најпрво Фихте бил верен обожавател на Феслер, и бил подготвен да му помогне во неговиот предлог за реформа на слободните ѕидари. Но, подоцна тој станал лут противник на Феслер. Нивната расправија привлекла многу внимание меѓу слободните ѕидари. Во 1805 Фихте бил назначен за професор во Ерланген. Катастрофата во Јена во 1806 година, во која Наполеон потполно ја уништил пруската армија, го принудила Фихте извесно време да престојува во Конингсберг , но тој повторно во 1807 година се вратил во Берлин за да ја продолжи својата книжевна дејност.

Во прилог следи говорот на Фихте по повод пристапувањето на слободноѕидарска ложа во Рудолштат, 1794 година:

Оваа шокантна ситуација на Германија длабоко го вознемирила и го предизвикала за изнесување на познатите „Обраќања до германскиот народ“ (1808) која кренала востание против Наполеон. Тој станал професор на новиот универзитет во Берлин, основан во 1809 година. Со гласовите од неговите колеги Фихте бил едногласно избран за ректор во 1810 година.F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 182. Но, неговата непромисленост и посветеноста при реформирањето довела до недоразбирање, а тој поднесол оставка во 1812 година. Започнал походот против Наполеон и болниците во Берлин биле наскоро полни со пациенти. Жената на Фихте се посветила на негување на болните и се разболела од опасната треска. Откако таа се опоравила и самиот тој бил погоден од болеста. Тој починал од тифус на 52 години. Исто така за филозофија придоне неговиот син Имануел Херман Фихте .

Филозофијата на Фихте

Во имитирањето на тешкиот стил на Кант, Фихте создал дела што биле едвај разбирливи. "Тој не се двоумеше во истакнувањето на сопствените способности во нејасноста и таинственоста, при честа забелешка од неговите ученици, дека’ постоел само еден човек во светот кој потполно би ги разбрал неговите дела, и дури и тој самиот често не знаел како да го искористи неговото вистинско значење’ ”. Оваа забелешка била често погрешно припишувана на Хегел.

Фихте не го одобрил аргументот на Кант за постоењето на noumena, на "нештата сами по себе", над-разумната реалност надвор од категориите на човековиот разум. Фихте видел ригорозна и систематска поделба на "нештата сами по себе" noumena и работи ", онакви какви што нас ни се претставуваат" (феномени) што создава основа за скептицизам. Наместо да потикне ваков скептицизам, Фихте радикално сугерирал дека треба да ја исфрлиме идејата за noumenal светот, и наместо тоа да го прифатиме фактот дека свеста нема основа во т.н. "реалниот свет". Всушност Фихте се прославил со аргументот за потекло на свеста, дека таа не е заснована во нешто надвор од самата себе. Феноменалниот свет како таков, произлегува од самосвеста; од активноста на егото, и од моралната свест. Неговиот ученик (и критичар), Шопенхауер, пишува:

”…Фихте, кој, поради нештото само по себе само што беше дискредитиран, одеднаш подготви систем без нештото само по себе. Како последица на тоа тој ја отфрли претпоставката за нешто што не е целосно ништо друго освен нашата претстава, а со тоа дозволи да биде предмет општо земено или во секој случај создадено од сопствени вештини. За таа цел, тој не е далеку од основната и најважнио дел на Кантовата доктрина , за разликата меѓу a priori и а posteriori и на тој начин што меѓу феномен и нешто-во-себе. Бидејќи тој тврдеше дека се е априори, се разбира без доказ за ова оценка, наместо ова тој понуди софизми и дури луди измислени демонстарции чија апсурдност беше скриена под маската на темелноста на incom интелектуална инспирација-Шопенхауер, Парерга и Паралипомена.

Главна теорија

Во своето дело „Основи на природното право” (1796) Фихте тврди дека само -свеста е социјален феномен- важен чекор и можеби и првиот јасен чекор преземен во оваа насока во модерната филозофија. Неопходниот услов на само -осознавањето на секој субјект, за Фихте е постоењето на другите рационални субјекти. Тие викаат или го повикуваат субјектот или пак себеси да излезат надвор од оваа несвесна состојба на самосвесност како слободни поединци.

Објаснувањето на Фихте произлегува од генералните принципи дека личноста мора да се постави како поединец за да се позиционира над сите други и за да го направи тоа треба да биде свесна за повикот на другите слободни поединци – повикани да ги лимитираат своите слободи без да ги почитуваат слободите на другиот. Истите услови важат и се применуваат и за другите во нивниот развој. Оттаму, меѓусебното признавање на рационални поединци произлезе како услов потребен на секој човек "јас" во целина. Овој аргумент за интерсубјективноста е централна тема во концепцијата на поединечноста формиран во доктрината на наука ('Wissenschaftslehre').