Ева Перон или Марија Ева Дуарте де Перон (родена на година — починала на година) — втора сопруга на претседателот Хуан Перон (1895-1974) и служела како Прва дама на Аргентина од 1946 година до нејзината смрт во 1952 година. Таа често се нарекува едноставно Ева Перон или само Евита.

Таа била родена во селото Лос Тодлос во Аргентина во 1919 година, четврто дете од вкупно пет деца. Во 1934 година на петнаест години заминала во главниот град, Буенос Аирес, во потрага по нејзината кариера како сценска и филмска глумица. Ева го запознала Колонел Хуан Перон на 22 јануари 1944 година во Буенос Аирес, за време на еден добротворен настан во Луна Парк Стадиум за жртвите од земјотресот во Сан Хуан, Аргентина. Двајцата стапиле во брак следната година. Во 1946 година, Хуан Перон бил избран за Претседател на Аргентина. Во текот на наредните шест години, Ева Перон станала моќна жена првенствено поради настапувњето во одбрана на правата на работниците. Исто така, таа раководела со министерството за труд и здравство, ја основала и ја водела добротворната Организација „Ева Перон“, се борела за правото на глас на жените во Аргентина и ја основала и ја водела првата голема политичка партија на жените, Перонска Феминистичка Партија.

Во 1951 година, Ева Перон се откажала од перонистичката номинација за потпретседател на Аргентина. Со тоа, таа добила голема поддршка од базата на перонистичката партија и од Аргентинците од работничката класа кои биле нарекувани парталковци или „descamisados“. Сепак, противењето на воените сили и буржоазијата на народот, како и нејзината влошена здравствена состојба ја натерале да се повлече од кандидатурата.Fraser & Navarro (1996:150).. Во 1952 година, кратко пред да почине од рак на 33 години, Националниот конгрес на Аргентина ѝ доделил титула за „Духовен водач на народот“Crassweller (1987:245). "A week later, on her thirty-third birthday, she received from Congress the title of Spiritual Leader of the Nation.". Ева Перон имала службен, државен погреб и покрај тоа што не била избрана за претседател на Аргентина.

Кристина Алварез Родригес, правнука на Ева Перон, тврди дека Ева никогаш не ја напуштила колективната свесност на Аргентина. Кристина Фернандес де Кирхнер, првата жена избрана за претседател на Аргентина, тврди дека жените од нејзината генерација и должат на Ева за „нејзиниот пример за страст и борбеност“.

Рани години Детство

Во автобиографијата на Ева, „La Razon de mi Vida“Published in Argentina in 1952; subsequently published in English-speaking countries under the titles My Mission in Life and Evita by Evita, нема податоци или белешки за настаните од детството и не е наведено местото на раѓање или кое било нејзиното име кога се родила. Според граѓанаската архива на Јунин, во изворот од матичната книга на родените стои дека Марија Ева Дуарте е родена на 7 мај 1922 година. Постојат аргументи дека таа не е родена во Аргентина, туку во мал град во Парагвај во близина на границата од двете држави. Поради соперништвото помеѓу Аргентина и Парагвај тој факт бил оспоруван. Сепак, во нејзиниот крштален лист стои дека таа била родила на 7 мај 1919 година под името Ева Марија ИбаргуренFraser & Navarro (1996:2–3).Act 495, from the Church "Capellanía Vicaria de Nuestra Señora del Pilar" registry of Baptisms for the year 1919, baptism took place on 21 November 1919 . Во 1945 година, се смета дека Ева го фалсификувала нејзиниот извод од матичната книга на родените за нејзиниот брак.

Ева Перон детството го поминала во Јунин, провинција на Буенос Аирес. Нејзините родители Хуан Дуарте и Хуана Ибаргурен (понегогаш споменувана како Дона Хуана) потекнувале од имигрантите Баски. Хуан Дуарте бил богат ранчер од близината на Чивилкој, каде што тој имал сопруга и семејствоFraser & Navarro (1996:3)..

Во тоа време во Агентина, како провинциска земја, било невообичаено да се види бодат маж со повеќе семејства. Во 1920 година, кога Ева имала една година, Дуарте се вратил кај неговото законско семејство, оставајќи ја Хуана Ибаргурен и неговото семејство од пет деца во тешка состојба на сиромаштија. Бидејќи се осиромашиле, Ибаргурен и нејзините пет деца се преселиле во најсиромашната област на Јунин. За да овозможи услови за себе и за нејзините деца, Ибаргурен шиела облека за соседите. Поради напуштањето на таткото, семејството било јавно осудено, посебно кога законот во Аргентина не ги одобрувал незаконските деца. Наводно, во 1945 година Ева го уништила нејзиниот извод од матичната книга на родените за да го избрише тој дел од нејзиното минатоBorroni & Vacca (1970)..

Јунин

Хуан Дуарте ѝ бил единствената поддршка на Хуана Ибаргурен пред да ја напушти. Биографот Џон Барнес пишува дека по неговото напуштање сè што му оставил на семејството било еден документ во кој се изјаснувало дека децата се негови, така што можеле да го користат презимето Дуарте. Хуана со нејзините деца се преселиле во еднособен апартаман во Јунин. За да ја платат киријата за еднособниот дом, мајката и ќерките работеле како готвачки во куќите на локалните estancia. Конечно по заслуга на финансиската помош на постариот брат, семејството се преселило во поголема куќа која тие подоцна ја преобразиле во пансион. Во тој период, Ева со ентузијзам учествувала во сите нејзини школски претстави и концерти. Една од нејзините омилени забави било киното. Иако мајка ѝ на Ева очигледно имала неколку планови за Ева, да се омажи за еден од локалните ергени, Ева сонувала да стане позната глумица. Љубовта за глумење на Ева била поткрепена кога, во октомври 1933 година, таа играла мала улога во една школска претстава наречена „Станете студенти“ (Arriba Estudiantes), која Барнес ја опишал како „емоционална, патриотска мелодрама“. По претставата таа одлучила да стане голема глумица.

Преселување во Буенос Аирес

Во 1935 година, на петнаесет годишна возраст Ева се преселила во Буенос Аирес за да си го оствари својот сон да стане славна. Во нејзината автобиографија, таа објаснува дека сите луѓе од нејзиниот град коишто имале појдено во големите градови ги опишувале како „прекарсни места каде ништо не беше дадено освен богатство“. За Ева, Буенос Аирес претставувал бегство од мизеријата што ја опкружувала во нејзината провинција.

Често се соопштува дека Ева Перон патувала во Буенос Аирес со воз заедно со пејачот Агустин МагалдиBarnes (1978)., кој бил вешт танго играч. Сепак, биографите Мариса Наваро и Николас Фрејзер тврдат дека тоа е неверојатно, бидејќи нема запис од оженетиот Магалди дека настапувал во Јунин во 1934 година. Сестрите на Ева тврдат дека Ева патувала во Буенос Аирес со нејзината мајка. Сестрите исто така тврдат дека Дона Хуана ја придружувала ќерка ѝ на аудиција за во радио – станица и средила Ева да живее со семејството Бустамонтес, кои биле пријатели со семејството Дуарте.

Во 1930-тите Буенос Аирес бил најголем космополитски град и елегантна метропола во континетот и наскоро станал познат како „Париз на Јужна Америка“. Како и во секој голем главен град во Европа, центарот на градот бил исполнет со кафичи, ресторани, театри, кино, продавници и раздвижена толпа народ.

Ева била една од многуте луѓе од провинција, кои привлечени од развојот на идустријализацијата, дошле во Буенос Аирес. Кога таа пристигнала со куфер малку поголем од картон со неколку нејзини работи, сигурно се чувствувала осамена и несигурна. Во спротивност на гламурот на главниот град, 1930-тите биле години на голема невработеност, сиромаштија, глад во главниот град и оние кои пристигнувале од внатрешноста биле принудени да живеат во евтини станови за изнајмување, мизерни интернати и во далечни, сиромашни квартови познати како Villas miseriasQuieroz (p. 14)..

Веднаш по пристигнувањето во Буенос Аирес, Ева се соочила со тешкотии за преживување бидејќи била необразована и без врски. Градот бил пренаселен особено во овој период поради миграциите што ги предизвикала големата депресија. На 28 март 1935 година, таа имала професионален настап во претставата “The Perezes Misses” во театарот Комедијас.

Во 1936 година, Ева ја обиколила целата држава заедно со театарот, каде што работела како модел и исто така ѝ биле доделени неколку улоги главно во нискобуџетски филмови. Во 1942 година, Ева осетила економска стабилност кога компанијата Candilejas ја вработила во една од нивните радио-драми за денска улога, што се емитувале на најзначајната радио-станица во државата во тоа време, Radio El Mundo (Светско радио). Подоцна истата година, таа потпишала петгодишен договор со радиото Белграно, кој ѝ ја обезбедил улогата во популарната историска радио-драма наречена „Големите жени во историјата“, во кој таа ја глумела Елизабета I, Сара Бернард и последната царица на Русија. Конечно, Ева станала косопственик на компанијата. До 1934 година, Ева Дуарте заработувала пет или шест илјади пезоси месечно, што ја правеле најплатената радио-глумица кај народот. Пабио Ракиопи, кој заедно со Ева ја воделе радио-станицата Светско радио, не ја сакал Ева но забележал дека таа била „потполно сериозна“. Ева исто така имала кратка филмска кариера, но ниеден од нејзините филмови не биле многу успешни. Во еден од нејзините последни филмови, La Cabalgata del Circo (Циркусот кавалкаде), Ева играла улога на млада селска девојка сопереничка на постара жена, филмската ѕвезда, Либертад Ламарк.

Како резултат на нејзиниот успех во радио-драмите и филмовите, Ева постигнала финансиска стабилност и удобност. Во 1942 година, таа се преселила во нејзин сопствен апартамн во ексклузивното соседство Реколета на улица Кале Посадес број 1567. Следната година таа ја започнала нејзината кариера во политиката како еден од основачите на синдикатот на радиото во Аргентина..

Врската со Хуан Перон во почетокот

thumb|right|upright Хуан и Ева Перон, 1945 година

На 15 јануари 1944 година, земјотресот во Сан Хуан, Аргентна, убил повеќе од шест илјади луѓе. Како одговор на тоа, Перон, кој тогаш бил заменик-министер за труд, основал фонд за собирање пари за да им помогне на жртвите.

Тој смислил план да се одржи „уметнички фестивал“ и поканил да учествуваат радио и филмски глумци. По една недела од започнувањето на подготовките, сите учесници се сретнале на гала вечер. Таа гала се одржала на 22 јануари 1944 годинаFraser & Navarro (1996:32–33)., кога Ева за првпат го сретнала Хуан Перон. Ева го спомнува тој ден како нејзин „чудесен ден“Perón (1952:17).. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Хуан Перон и Ева заедно ја напуштиле галата околу 2 часот наутроFraser & Navarro (1996:33)..

Наскоро по запознавањето во Сан Хуан, Ева Дуарте и Хуан Перон почнале да живеат заедно. Овој потег предизвикал скандал во поблискиот круг на Хуан ПеронFraser & Navarro (1996:44).. Во овој период во Аргентина, естрадните уметници и политичарите се сметале за две различни класи луѓе. Во врска со тоа, било несоодветно невенчан пар да делат стан. Сепак, Перон ја запознал Ева со неговиот круг на политичари и советници и членови на владата. Фрејзер и Наваро тврдат дека одлуката на Перон да ја вклучи Ева во политичкиот живот е тешко да се разбере затоа што тоа можело да му наштети во кариерата и да го доведе до скандал.

Фрејзер и Наваро тврдат дека Ева пред да го запознае Перон немала никакво знаење ниту интереси за политиката. Затоа, таа никогаш не се расправала со Перон ниту со некој од неговиот тесен круг, само внимателно слушала. Хуан Перон подоцна во неговата автобиографија потврдил дека тој намерно ја избрал Ева како негов ученик и поставил за цел да создаде во неа „второ јас“Perón () (1976).. Сепак, Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека тој и дозволувал на Ева толку интимно изложување и запознавање на неговиот тесен круг поради неговата возраст. Тој имал 48 години а таа 24 години кога се запознале. Тој навлегол во политиката доцна во неговиот живот и затоа бил ослободен однапред да замислува каква треба да биде политичката кариера и бил подготвен да прифати секаква помош што би му понудила таа.