Суртсеј (од исландски, со значење "островот на Суртур") — вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Се наоѓа на 63,303 СГШ и 20,6047 ЗГД и со оваа негова положба тој е најјужната точка на Исланд.. Овој остров се оформил во текот на вулканска ерупција која започнала 130 метри (426 стапки) под морското ниво и избила на површината на 14 ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 јуни 1967 година, кога на островот ја достигнала максималната висина од 2,7 км². Оттогаш ерозиите предизвикани од ветрот и брановите предизвикале островот постепено да се намалува, па така во 2002 година неговата површина изнесувала 1,4 км². Најновото мерење (2007) покажало дека максималната надморска височина на островот изнесува .

Новиот остров името го добил по јетунот Суртур, џин во нордиската митологија. Вулканот интензивно бил проучуван од вулканолози за време на ерупцијата, а потоа и од ботаничари и биолози кога форми на живот почнале постепено да се колонизираат на пустиот остров. Подморските отвори кои го создале Суртсеј се дел од подморскиот вукански систем на Вестманаејар (островите Вестман), кој пак е дел од пукнатината на морското дно наречена Средноатлантски Гребен. Вестманаејар ја предизвикал и познатата ерупција на Елдфел на островот Хејмаеј во 1973 година. Ерупцијата со која бил создаден Суртсеј создала уште неколку мали острови како што е Јолнир, како и некои други неименувани врвови по должината на овој вулкански ланец. Повеќето од нив многу бргу еродирале. Се проценува дека Суртсеј ќе остане над морското ниво уште 100 години.

Геологија

Формирање +Шема на Суртсејанската ерупција200x200пкс1: Облаци од водена пареа2: Исфрлена пепел3: Кратер4: Вода5: Слоеви на пепел и лава6: Стратум7: Тек на магмата8: Магматско огниште9: Насип Иако ерупцијата била неочекувана пред да почне некои показатели укажувале на тоа дека некаква вулканска активност е неизбежна. Од 6 до 8 ноември, слаби потреси биле забележани на Киркјубејарклаусур со измерен епицентар на далечина од 140 километри (приближно колку што бил оддалечен Суртсеј ), додека пак на 12 ноември сеизмограф во Рејкјавик снимил слаби потреси кои траеле десет часа, но нивната локацијата не била утврдена. Два дена пред ерупцијата да почне, брод кој вршел морски истражувања истакнал дека температурата на морето во засегнатата област била малку потопла од вообичаената, а во исто време луѓето во крајбрежниот град Вик, на копното оддалечено 80 км од островот осетиле мирис на сулфурводород.

Ерупција на површината десно|мини|250x250пкс|Чадот од Суртсеј кој се издига над новоформираниот остров На 15 ноември 1963 година, во 07:15 часот УТЦ, екипажот од рибарскиот брод Ислеифур II кој тргнувал на пловидба од Вестманаејар - мал арипелаг на јужниот дел на Исланд - на југозапад забележал темен чад како се крева нагоре. Бродот го упатиле накај чадот. Капетанот помислил дека е запален брод, но всушност тоа биле експлозивни ерупции што испуштале црна пепел, а тоа значело дека вулканската ерупција почнала под морето.Многу е веројатно дека ерупцијата започнала неколку дена пред 14 ноември. Морското дно е 130 метри (426 стапки) под морското ниво, и на таа длабочина какви било експлозивни ерупции би се угаснале од притисокот на водата. Кога ерупцијата создала вулкан што му се приближувал на нивото на морето, експлозиите повеќе не можеле да се запрат па избиле на површината. мини|Ерупцијата на Суртсеј во 1963

Првите денови мини|Островот Суртсеј фотографиран од авион во 1999 На 14 ноември 1963 година во 11 часот чадот и пепелта од ерупцијата се кренале неколку километри нагоре. Прво ерупциите избивале од три одделни места на североисток кон југозапад на пукнатината, но од попладнето одделните избивања се споиле во еден кратер од каде избивала ерупцијата. Во текот на следната недела експлозиите биле постојани, а по само неколку дена новоформираниот остров, составен главно од вулкански камења (скорија), достигнал должина од 500 метри (1640 стапки) и висина од 45 метри (147 стапки).Новиот остров го добил името по јетунот Суртур џин од нордиската митологија (Суртс е генитив од Суртур, плус -ey, остров). Како ерупциите продолжувале така се концентрирале во еден отвор и кратер и островот почнал да добива покружна форма. До 24 ноември, островот достигнал опсег од околу 900 со 650 метри (2950 со 2130 стапки). Насилните експлозии предизвикани од спојувањето на лавата со морската вода покажувале дека островот бил составен од куп вулкански карпи (скорија), кој биле брзо уништени со бурите од Северноатлантскиот Океан во текот на зимата. Сепак, повеќе од ерупциите биле во чекор со ерозиите од брановите, па до февруари 1964 година, островот достигнал максимален пречник од над 1300 метри (4265 стапки). Тројца француски новинари, претставници на магазинот Пари Мач на 6 декември 1963 година останале 15 минути на островот пред силните експлозии да ги натераат да го напуштат. Новинарите на шега побарале француски суверенитет над островот, но од Исланд брзо реагирал и изјавиле дека новиот остров им припаѓа ним.Експлозивните фитомагнетни ерупции предизвикани од пристапот на водата до отворите на ерупција исфрлале камења на далечина од 1 км од островот и пепел на височина од 10 километри (6 милји) нагоре во атмосферата. Купот од неконсолидирна тефра која била брзо однесена довело до намален излив на магма. Исто така во оваа фаза на ерупција на островот многу често се појавувале и големи облаци од прашина.

Стабилен остров мини|Еволуција на големината на островот До почетокот на 1964 година продолжиле ерупциите и го оформиле островот до таа големина што морската вода не можела веќе толку лесно да дојде до отворите а вулканска активност веќе не била толку агресивна. Наместо тоа, фонтаните од лава и изливите станале главна форма на активност. Ова резултирало со одронување на исклучително отпорните на ерозија карпи кои биле утврдени на врвот на вулканскиот куп, што спречило островот да биде уништен. Силните ерупции продолжиле до 1965 година и до тоа време островот достигнал површина од 2,5 км².На 28 декември 1963 подморска активност на 2,5 км североисточно од Суртсеј предизвикала формирање на гребен на 100 метри (328 стапки) од морското дно. Овој гребен бил именуван Суртла, но никогаш не стигнал до нивото на морето. Ерупциите кај Суртла завршиле на 6 јануари 1964 година и оттогаш е еродирана од нејзината минимална длабочина од 23 метри на 47 метри под морското ниво.Norrman, John; Erlingsson, Ulf (1992), "The submarine morphology of Surtsey volcanic group" , Surtsey Research Progress Report X, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 45–56 мини|Кратерите на Суртсеј

Постепеното стивнување на ерупцијата мини|Топографска мапа на Суртсеј, заедно со новоформираните островчиња Јолнир и Суртлингур мини|Малите острови од архипелагот Вестманаејар Во 1965 година активноста на главниот остров била намалена, но на крајот на мај истата година започнала ерупција во празнина на 0.6 километри (0,37 милји) од северниот брег. До 28 мај се појавил нов остров кој го нарекле Сиртлингур (мал Суртсеј ). Новиот остров исчезнал во почетокот на јуни, но повторно се појавил на 14 јуни. Ерупциите во Сиртлингур биле со многу помал размер од оние кои го формирале Суртсеј, се исфрлала околу една десетина вулкански материјали од вулканските материјали што биле исфрлани од главниот вентил. Активноста била краткотрајна и продолжила до почетокот на октомври 1965 година, кога островчето веќе имало површина од 0,15 км². Откако престанале ерупциите, ерозијата предизвикана од брановите многу брзо го поместила островот, и на 24 октомври тој исчезнал зад брановите.Þórarinsson, Sigurður (1966), "The Surtsey eruption: course of events and the development of Surtsey and other new islands" , Surtsey Research Progress Report II, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 117–123Во декември 1965 година на 0.9 километри (0,56 милји) југозападно од Суртсеј се случиле повеќе подморски активности кои предизвикале формирање на уште еден остров. Овој остров бил именуван Јолнир и во текот на следните осум месеци се појавил и исчезнал неколкупати поради ерозиите од брановите и вулканските активности кои се случувале наизменично. Активноста на Јолнир била многу послаба од активноста на главниот кратер, па дури и послаба од онаа што била во Сиртлингур, но во текот на јули и почетокот на август 1966 година островот се зголемил и достигнал висина од 70 метри (230 стапки) и површина од 0,3 км². Како и во случајот со Сиртлингур и овој остров бил брзо уништен откако престанала активноста на 8 август 1966 година и пропаднал под нивото на морето во текот на октомври 1966 година.Þórarinsson, Sigurður (1967), "The Surtsey eruption: course of events during the year 1966" , Surtsey Research Progress Report III, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 84–90Силните ерупции на главниот остров повторно почнале на 19 август 1966 година, со свежи изливи на лава која и давала дополнителен отпор на ерозијата. Ерупцијата се намалувала постојано, и на 5 јуни 1967 година конечно завршила. Оттогаш вулканот е неактивен. Вкупниот волумен на испуштена лава во текот на три и пол години ерупција бил еден кубен километар, а највисоката точка на островот била 174 метри (570 стапки) над морското нивоGarvin, J.B.; Williams Jr, R.S.; Frawley, J.J.; Krabill, W.B. (2000), "Volumetric evolution of Surtsey, Iceland, from topographic maps and scanning airborne laser altimetry" , Surtsey Research Progress Report XI, Reykjavík, Iceland: The Surtsey Research Society: 127–134.Откако завршила ерупцијата, постепената ерозија го намалила островот. Голем дел на југоисточната страна бил целосно еродиран, а песочната патека наречена Нордуртанги (Северна точка) се подигнала на северната страна на островот. Се проценува дека околу 0,024 км³ материјал е изгубен поради ерозијата, што претставува околу една четвртина од вистинскиот волумен на нивото на морето на островот.

Понов развој мини|Палагонитни карпи на островот Сурсеј