Јап (јапски, волеајски, сатавалски, улитиски: Yap или Wa'ab; англиски: Yap) е една од четирите сојузни држави во СД Микронезија. Јап е името главниот остров кој се наоѓа во Каролинските Острови и истото име се користи за посочување на уште три околни острови и поради тоа се нарекуваат Јапски Острови. Јапските Острови се блику еден со друг и се поврзани со корален гребен. Културата и традицијата на Јап е силно врзана со тие на околните острови.

Главен град на Јап е градот Колонија. Колонија е центар на самиот остров Јап, но и на уште 14 атоли кои се распространети на територија од 800 километри источно и јужно. Во Јап има пет службени јазици и тоа: англиски, јапски, волеајски, сатавалски и улитиски јазик. Во 2003 година Јап имал вкупно население од 6,300 жители, а вкупната површина изнесува 102 км2. Јап е познат по камените пари познати како раиски камења.

Општини Сојузната држава Јап е поделена на следните општини:

Јапски Остров Руминг Мап Гагил Томил Фаниф Велој Далипебинав Рул Канифај Гилиман

Околните острови Улити Нгулу Фаис Волеај Еаурипик Фараулеп Ифалик Елато Ламотрек Пикелот Сатавал Сорол

Наводи

Статија на Washington Post од 29 март 1984.

Поврзано Микронезија Меѓународен аеродром Јап Административна поделба на СД Микронезија Раиски камења

Надворешни врски

Владин портал за Јап Биро за посетители на Јап Вести за Јап Слики за камените пари Држави во Микронезија Статистики за Јап