Ролинг стоун () — списание со седиште во САД, посветено на музиката, политиката и популарната култура. Излегува на секои две седмици. Ролинг Стоун бил основан во Сан Франциско во 1967 година од страна на Џан Венер (кој сѐ уште е уредник и издавач) и музичкиот критичар Ралф Ј. Глисон.
За да го основа весникот, Венер позајмил $7,500 од членовите на неговата фамилија и од фамилијата на неговата тогаш идна жена Џејн Шинделхејм. Првото издание било објавено на 9 ноември 1967 година.
Списанието е познато по неговите насловни почнувајќи од 1970-тите, со енигматскиот и контроверзниот гонзо новинар Хантер С. Томпсон. Магазинот Ролинг Стоун го сменил форматот во 1990-тите како обид да допре до помладите читатели, кои најчесто биле фокусирани на телевизијата или на филмските глумци и поп-музиката. Ова довело до критики дека магазинот го нагласува стилот пред статистиките. Магазинот продолжил со традиционалните содржини, вклучувајќи и политички приказни и неговиот промет е доста зголемен.
Извори
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски месечни магазини Категорија:Американски музички магазини Категорија:Индиски магазини Категорија:Италијански магазини Категорија:PRISA Категорија:Публикации започнати во 1967 Категорија:Руски магазини Категорија:Турски Магазини Категорија:Месечни Магазини Категорија:Американски политички магазини