Селце — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2 км северно од селото, во приватни ниви,каде се откривани темели од ѕидови на објекти, а на површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и множество градежен материјал. Податокот на Т. Смиљаниќ во врска со надгробна плоча со латински натпис можеби се однесува на наоѓалиштето Селце.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Богородичина Краста — тврдина од доцноантичкото време; Водици — средновековна црква и некропола; Селиште — доцноантичка населба со топилница и некропола; Брждани; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Брждани