Борисово — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Селото е скоро целосно споено со соседното Мокриево.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Влезот на селото
Името на селото првпат е запишано во пишани документи во век (1337 г.) и низ годините се сретнува под слични варијанти (Борисово, Порисово, Борихово, Боришова). Името доаѓа од личното име Борис образувано со суфиксот -ово.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Струмичкото Поле, чиј атар се издига до северниот срт на планината Беласица, каде што на тесен дел се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е сместено во западниот дел на подрачјето на Општина Ново Село. Селото е потпланинско, но рамничарско, сместено на надморска височина од 329 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 25 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 1402.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Баук Чаир, Гробишта, Калдија, Керамичка, Кошута, Краиште, Матник, Ошута, Папра, Порој, Прогон, Село и Трска.
Историја
Според кажувањата, иселениците од село Барбарево сакале да ја напуштат планината па дошле во село Мокриево, но тогашниот кмет не им дал место во Мокриево и им предложил да им го даде т.н. каменарник, по кое настанало денешно Борисово.
Се смета дека селото го добило името според некој Борис, споменуван како основач на населбата. Првпат селото се спомнува во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога е подарено на светогорскиот манастир „Свети Пантелејмон“.
Според струмичкиот митрополит Герасим Струмички (втора половина на XIX век), над селото Борисово постоела кула од Самуиловиот период, која подоцна била уништена.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
По Балканските војни, во 1913 година, Турците во селото почнале да се иселуваат, а селото го населиле бегалци од Егејска Македонија и жители од огражденските села Стиник, Барбарево, Бајково и Бадолен.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 9,6 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 483,5 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 329,2 хектари, а на пасиштата 111,1 хектар.
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела земјоделска задруга и има продавници. Во селото работат две земјоделски аптеки.
Во минатото, на малата селска река имало 12 воденици, но сега не функционира ниту една. Сепак, некои од нив може и денес и да се видат. На реката е формирана и Борисовската брана, длабока 8 метри. Таа сепак не зафаќа голема површина и месните жители ја користат за риболов.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 337 жители христијани и 21 Турчин.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Борисово живееле 800 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 160
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото живееле 300 Турци, а остатокот биле Македонци.Бугари во документот
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.
Борисово е средно село по големина, со пораст на населението. Во 1961 година, селото броело 343 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 444 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Борисово броело 409 жители, од кои 408 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 230 жители, од кои 213 Македонци и 17 лица без податоци.
Општествени установи
Дом на културата Месна заедница
Самоуправа и политика
Во век, Борисово било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мокриево, во која покрај селото Борисово, се наоѓале и селата Габрово, Колешино, Мокриево и Мокрино. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Мокриево во која влегувале селата Борисово и Мокриево.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1776 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 373 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 378 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква
Цркви Црква „Св. Кирил и Методиј“ — главна селска црква.
Џамии Во минатото во селото постоеле две џамии. Денес, постојат само остатоци од минарето на една од џамиите, до која се наоѓа стар јавор.
Реки Боришка (Борисовска) Река — мала река низ селото, на која се наоѓаат мали водопади
Култура и спорт
Порано постоел и фудбалски клуб наречен „Доганец“.
Галерија
Поврзано Општина Ново Село Подгорје
Наводи
Надворешни врски
Профил на Борисово на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село Категорија:Беласица