Japan Hot 100 е музичка табела за синглови во Јапонија. Составувана е од Билборд и Hanshin Contents Link почнувајќи од февруари 2008. Новите синглови на табелата се прикажуваат секоја среда на billboard-japan.com (JST) и секој четвртој на billboard.com (UTC).
Табелата Japan Hot 100 има слична структура како Билборд Хот 100 во САД. Собира податоци за продажбите на ЦД-ата од Soundscan Japan и слушаност на радијата од Plantech. Иако Јапонија има најмногу дигитални спуштања во светот тие не се сметаат за одредување на позицијата на табелите.
Првата број-еден песна на табелата била „Step and Go“ од Араши на 3 март 2008. Песните кои се искачиле на првото место биле три англиски песни и една јапонска песна. Првата била „Bleeding Love“ од Леона Луис на 8 мај 2008, втората била „Blame it on the Girls“ од Мика, а третата била „Born This Way“ од Лејди Гага на 11 април 2011.http://www.billboard-japan.com/system/jp_charts/hot100
На изданието на 8 март 2010, „Hitomi no Screen“ од Hey! Say! JUMP станала 100-тата број-еден песна на табелата.
Поврзано Список на артисти кои се искачиле на прво место на 100 Список на Хот 100 број-еден синглови од 2008 (Јапонија) Список на Хот 100 број-еден синглови од 2009 (Јапонија) Список на Хот 100 број-еден синглови од 2010 (Јапонија) Список на Хот 100 број-еден синглови од 2011 (Јапонија) Oricon
Наводи
Надворешни врски Моменталниот Japan Hot 100 список на billboard-japan.com од Hanshin Contents Link Билборд Japan Hot 100 од Билборд
Категорија:Билборд табели Категорија:Јапонски музички табели