Ѓурѓејца — археолошко наоѓалиште во кичевското село Кладник. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1,5 км североисточно од селото, на блага падина што се спушта кон југ, каде на простор од 50 × 100 м по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. На северниот крај на теренот се откриени гробови градени од камени плочи. На наоѓалиштето е подигнато спомен-обележје на борците од овој крај паднати во Илинденското востание.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Корита — населба и некропола од римско време; Лакајца — средновековна црква и некропола; Кладник; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Кладник