Христо Николов Делчев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и ВМРО. Животопис мини|лево|300п|Валандовската чета Христо Делчев е роден 1885 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Четврт по големина син на Никола Делчев и Султана Делчева, а негови браќа се Гоце, Димитар и Милан Делчев. Завршил гимназија во Кукуш. Работел како продавач на манифактура. Влегува во Организацијата и станал член на Кукушкиот револуционерен комитет. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Христо Делчев бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во Кукушко чета при 15 Штипска дружина.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203. По Втората балканска војна, Делчев учествувал во создавањето на ВМРО и бил војвода во Кукушко. Во 1915 година земал учество во Валандовската акција.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133 и 147.

Христо Делчев, оженет со три деца, се преселил да живее во Горна Џумаја, со него подоцна живеел и неговиот татко Никола.Удостоверение, издадено от д-р Хр. Татарчев и Христо Матов на Никола Делчев за участието на синовете му Гоце, Мицо и Милан Делчеви в националноосвободителното движение в Македония Христо Делчев умрел во 1927 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 44.

Извори

Категорија:Делчеви Категорија:Македонски преселници во Горна Џумаја Категорија:Починати во Софија