Луј Ежен Феликс Неел (), (, – , ) - француски физичар роден во Лион. Студирал во родниот град, а со титулата доктор на науки се здобил на универзитетот во Стразбур. Неел добил Нобелова награда во 1970 година, за неговите истражувања за магнетните својства на цврстите тела.
Неговиот придонес во физиката се покажал со создавањето на бројни корисни апликации, особено во развојот на подобрените компјутерски единици. Околу 1930 година тој предложил нова форма на магнетно однесување наречена антиферомагнетизам („Ferrum“ што преведено од латински значи железо), како спротивност на феромагнетизмот. На одредена температура (Неелова температура) ова однесување престанува, поточно се губи одликата. Луј Неел потенцирал дека материјалите може да пројават феромагнетни својства. Тој исто така дал објаснување за слабиот магнетизам на одредени камења, правејќи го возможно учењето за историјата на магнетното поле на Земјата.
Награди Хјузова награда на Научната академија (1935) Феликс-Робинова награда на Француското друштво на физичари (1938) Блонделов медал (1948) Награда на „Тројцата физичари“ (1963) Златен медал (1965) Нобелова награда за физика (1970)
Наводи
Надворешни врски
Louis Eugène Félix Néel Néel Institute Grenoble, France
Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Француски нобеловци Категорија:Француски физичари Категорија:Луѓе од Лион Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Велеофицери на Легијата на честа Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Апсолвенти на Стразбуршкиот универзитет