мини|десно|300п|Ориентација со гравиметриски појдовник Светскиот геодетски систем (крат. WGS84 од англ. World Geodetic System 1984) — појдовен стандард во картографијата, геодезијата, морепловството и воздухопловството. Составен е од стандардна координатна рамка на Земјата, стандардна сфероидна упатна површина („појдовен елипсоид“ или „појдовник“, лат. datum) за сирови податоци за надморска височина и гравитациски еквипотенцијална површина („геоид“) која го определува „номиналното морско ниво“.

WGS 84 е најновата верзија на системот (изработена во 1984, последна преработка во 2004), која треба да важи до 2010 г. Претходно важеле системите WGS 72, WGS 66, and WGS 60. WGS84 е појдовниот координатен систем што го користи Глобалниот систем за позиционирање (GPS).

Главни параметри За координатен почеток на WGS84 е земено Земјиното тежиште. Се смета дека грешката (отстапката) е помала од 2 см.

Во WGS84, меридијанот на нулта географска должина е појдовниот меридијан на IERS.Eurocontrol and IfEN: WGS 84 Implementation Manual, стр. 13. 1998 Овој меридијан се наоѓа 5,31 лачни секунди источно од гриничкиот Нулти меридијан, што соодветствува на 102,5 метри на географската ширина на Гриничката опсерваторија.History of the Prime Meridian -Past and PresentNational Maritime Museum: "The Longitude of Greenwich "

мини|десно|Рачен ГПС-приемник што покажува дека појдовниот меридијан е 0,084 лачни минути (5,3 лачни секунди) источно од појдовникот на WGS84 Според последната преработка, упатната површина на WGS84 се дефинира како сплеснат сфероид (елипсоид), со главен (напречен) полупречник a = 6.378.137 м на екваторот и сплеснување f = 1/298,257223563.National Imagery and Mapping Agency Technical Report TR 8350.2 Third Edition, Amendment 1, 1 јануари 2000, "Department of Defense World Geodetic System 1984" Величината (поларниот полупречник) на главната полуоска b може да се изведе од b = a (1 - f) ≈ 6356752,3142 м.. Ова претставува сплеснување од 21,384 685 755 км, односно ≈ 0,335%).

Моментално WGS84 го користи геоидот на Моделот на Земјината гравитација 1996 (EGM96), исто така преработен во 2004. Овој геоид ја определува номиналната површина на морското ниво по пат на сферна хармонија на степен 360 (што дава околу 100 км хоризонтално разложување). Отстапувањата на геоидот EGM96 од појдовниот елипсоид на WGS84 се движат од околу -105 м до околу +85 м. EGM96 се разликува од изворниот геоид на WGS84, кој се нарекува EGM84.

Поврзано GPS Geo (микроформат) — за означување на WGS84-координати во (X)HTML Геоозначување Точка од интерес Појдовник (датум)

Наводи

Надворешни врски Технички извештај TR8350.2 - официјално издание за стандардот на NGIA Разликата помеѓу геоид и елипсоид - NGS

Категорија:Геодезија Категорија:Навигација Категорија:ГПС