Август Фердинанд Мебиус (; – ) — германски математичар и астрономски теоретичар.

Најпознат е по откривањето на Мебиусовата лента - неориентабилна дводимензионална површина која има само една страна кога е вметната во тридимензионален Евклидов простор. Оваа лента независно ја открил и Јохан Бенедикт Листинг, и тоа во истиот период. Го открил и Мебиусовиот распоред (конфигурација), составен од два заемно впишани тетраедри. Мебиус бил првиот математичар што вовел хомогени координати во проективната геометрија.

Заслужен е за многу математички идеи, вклучувајќи ги Мебиусовите трансформации кои играат важна улога во проективната геометрија, и Мебиусовата трансформација на теоријата на броевите. Работејќи со теоријата на броевите, ги осмислил важните математички идеи Мебиусова функција μ(n) и Мебиусовата инверзија. Во областа на Евклидовата геометрија, Мебиус систематски изработил начин на означување на аглите и отсечките како метод на упростување на резултатите и нивно сведување на еден облик.Howard Eves, A Survey of Geometry (1963), стр. 64 (прераб. издание 1972, Allyn & Bacon, ISBN 0-205-03226-5)

Мебиус е роден во Шулпфорта кај Наумбург Саксонија-Анхалт. По мајчина линија е потомок на прочуениот црковен реформатор Мартин Лутер. Математиката ја изучувал кај истакнатиот математичар Карл Фридрих Гаус и Јохан Пфаф. Починал во Лајпциг во 1868, на возраст од 77 години.

Собрани дела Gesammelte Werke erster Band (v. 1) (Leipzig : S. Hirzel, 1885) Gesammelte Werke zweiter Band (v. 2) (Leipzig : S. Hirzel, 1885) Gesammelte Werke dritter Band (v. 3) (Leipzig : S. Hirzel, 1885) Gesammelte Werke vierter Band (v. 4) (Leipzig : S. Hirzel, 1885)

Занимливости Во негова чест е именуван кратерот Мебиус на Месечината и астероидот „28516 Мебиус“.

Поврзано Мебиусова лента

Наводи

Надворешни врски

А. Ф. Мебиус - Математичка генеалогија Визуелен приказ на Мебиусовите трансформации (со пишани објаснувања) - YouTube

Категорија:Германски математичари Категорија:Математичари од 19 век Категорија:Германски астрономи Категорија:Геометри Категорија:Родени во 1790 година Категорија:Починати во 1868 година Категорија:Апсолвенти на Лајпцишкиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките