Дејан Манасков (, Кретеј, Франција) — македонски ракометар кој настапува за Македонската ракометна репрезентација и РК Еурофарм Пелистер. Тој е постариот син на македонската ракометна легенда Пепи Манасков.
Животопис
Манасков е роден во францускиот град Кретеј, а кога имал две години, неговото семејство се преселило во германскиот град Хамелн, каде живеел во текот на четири години„Манасков: Жал ми е за Металург“, Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 20..
Кариера
Во мај 2014 година, во изборот на специјализираниот портал Handball Planet, Манасков влегол во идеалниот состав на светот составен од млади ракометари, на позицијата лево крило.„Душебаев - најдобар млад ракометар во светот“, Дневник, година XVIII, број 5479, сабота, 31 мај 2014, стр. 21. Во јануари 2015 година, Манасков бил дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.
По големата финансиска криза во која западнал РК Металург, во февруари 2015 година, Манасков го напуштил клубот и заминал во германскиот клуб „Вецлар“ за кого дебитирал на 14 февруари 2015 година.„Катар ги мами Мојсовски и Вугринец“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.„Караџовски го засили Куманово“, Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 20. Притоа, на втората одиграна средба за својот нов клуб, Манасков постигнал девет голови во натпреварот против „Мелзунген“, во кој неговиот тим изгубил со 29-31.„Манасков „експлодира“ против Мелзунген“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 22. Во март 2015 година, РК „Вардар“ објавил дека потпишал тригодишен договор со Дејан Манасков, почнувајќи од сезоната 2015-2016, со важност до јуни 2018 година.РК „Вардар“ - официјално мрежно место (пристапено на 12.3.2015)
Во сезоната 2016–2017 настапувал за Рајн-Некар Левен, додека следната 2017-2018 за РК Веспрем.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Велес