Секавец (познато и како Сjaкавец, Саковча, Сјакавче; , Ливадохори; до 1927 г. Σακάφτσια, Сакафција или Σακάφτσα, Сакафца) — село во Нигритско/Долноџумајско, Егејска Македонија, денес во Општина Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 420 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 20 км западно од градот Сер и на 17 км северно од Нигрита, во североисточното подножје на Богданска Планина, на надморска височина од 20 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Секавец било македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сакафча (Sakaftcha) имало 75 домаќинства со 169 жители Македонци и 48 муслимани.
Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Секавец:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Сјакавче имало 360 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Секавец имало 600 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.
Во Грција За време на Првата балканска војна Секавец е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 374 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 327.
Во 1924 година, во селото се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 189 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадохори (Ливадохори).
Селото многу настрадало и во Втората светска војна, кога македонското население било принудно иселено во Бугарија и Југославија, а на нивно место биле населени бегалци од попасивните села.
Стопанство Населението одгледува фуражни растенија, памук и други индустриски култури, произведува жито и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.
Население
Самоуправа и политика Во 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 10,3 квадратни километри. Општината Секавец била приклучена во општината Орљак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.
Селото припаѓа на општинската единица Орљак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Секавец, во кој е влегува и Долно Караџово.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Троица“ од 1960-тите
Личности Родени во Секавец Димитар Гогов (р. 1936) — поет Пасхалис Цјагас (1837 - 1907) — гркомански свештеник и андартски капетан Починати во Секавец
Дине Арабаџиев (? - 1908) — револуционер на ВМРО
Наводи
Категорија:Секавец