thumb|Тесерактот има 8 коцкести ќелии, три на секој раб. thumb|Коцкесто саќе 2x2x2, има четири коцкести ќелии по раб. Во геометријата, ќелија е тридимензионален елемент кој е составен дел од повеќедимензионално геометриско тело.

Кај политопите Ќелијата претставува тридимензионален полиедарски елемент кој сочинува дел од границата на повеќедимензионален политоп, како на пример многуќелијник (4-политоп) или саќе (3-просторно поплочување).

На пример, коцкестото саќе е составено од коцкести ќелии - по 4 коцки на секој раб. Тесерактот исто така е составен од коцкести ќелии, но има само 3 коцки по раб.

Кај називите на многуќелијниците

Правилните испакнати многуќелијници честопати се именуваат по бројот на ќелиите што ги содржат, исто како што се користат n-аголник и n-едар како кратенки за многуаголните и полиедарските називи. На пример, тесерактот се нарекува и „октахорон“ или 8-ќелија бидејќи содржи 8 коцкести ќелии.

Поврзано Страна Брус или фацета Хиперќелии (4-страни) CW-комплекс

Надворешни врски

Категорија:Геометрија Категорија:Политопи