300п|мини|Љутовата куќа Љутовата куќа () е куќа-музеј во бугарскиот град Копривштица.
Градбата импресионира со својата архитектура. Изградена е во 1854 година од пловдивски мајстори за чорбаџијата Стефан Топалов и има богато цртани стени и резбани тавани. Во 1906 година куќата е продадена на трговецот Петко Љутов со чије име е позната денес.
Во приземниот кат е поставена постојана изложба на неткани шарени постели од волна, познати како плст (бугарски: „плъст“). Тие биле користени за постилање на подови и како удобни постели за спиење. Се создаваат во домашни услови со специфични методи како валање и притискање. Се красат со природно обоена волна.
Галерија
Надворешни врски Мрежно место за музеите во Копривштица
Категорија:Копривштица