мини|Првоборците Мице Козар (лево) и Трајко Бошкоски - Тарцан (десно) Трајко Бошкоски-Тарцан (Голем Радобил, — Сливник, ) — македонски комунист и првоборец во НОБ.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 201 стр. Раководел со нападот што прилепските партизани го извршиле во Прилеп на 11 октомври 1941 година.

Помеѓу двете светски војни

Бошкоски е роден во прилепското село Голем Радобил на 12 јуни 1918 година. Неговиот татко и мајка наскоро умреле, по што бил посвоен од семејството Бошкоски од Прилеп. Основно училиште и прв клас гимназија завршил во Прилеп, а потоа, од 1932 година, работел како дрводелец.

Во 1935 година, тој станал член на СКОЈ. Учествувал и во Прилепското работничко друштво „Абрашевиќ“, каде раководел со рецитаторската секција.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 6 стр. На 1 мај 1936 година, заедно со Мице Козар, поставуваат црвено знаме на Маркови кули, по повод Меѓународниот ден на трудот.Георгиевски, цит. дело, 47-50 стр. Кон крајот на летото 1937 година, тој заминал во Белград. Се вклучил во тамошното работничко движење и на 26 ноември 1938 година, тој станал член на КПЈ. Во 1940 година, тој се вратил во Прилеп и станал член на Месниот комитет на КПЈ во градот и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. За време на Илинденските демонстрации истата година, тој одржал два забележителни говора, по што бил уапсен. Во декември 1940 година, тој бил осуден на шест месеци затвор. Тој бил ослободен во пролетта 1941 година.

НОВ

По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, Тарцан бил еден од водачите на групата што ја нападнала бугарската полициска станица во Прилеп, на 11 октомври 1941, со што е означувано како почеток на востанието за слобода на македонскиот народ. Исто така тој бил еден од седумте први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја основале првата партизанска чета.Георгиевски, цит. дело, 176 стр. Избран е за политички комесар на четата, а подоцна бил политички комесар и на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“. На 8 октомври 1941 година е опколен во една куќа во Прилеп, но успева да се пробие низ непријателскиот обрач, при што убива еден непријателски полицаец.Георгиевски, цит. дело, 185-189 и 223 стр.

Кон крајот на 1941, работи активно на теренот на Скопје, каде пропагира и ја јакне организираноста на македонскиот народ за борба против окупаторот. Од скопскиот терен, тој се префрлил во Тетовско-Дебарскиот регион каде исто така успешно работел на оформување на нови партизански одреди. Бил член и инструктор на ПК на КПЈ за Македонија од декември 1941, а потоа бил политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб од април 1942. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во септември 1942 година бил избран за негов политички комесар. Пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови.

При една организирана потера на окупаторот, Тарцан тешко е ранет на Божик во 1943. Соборците го оставиле во една колиба во селото Сливник, но бил предаден и во нерамна борба со бугарските воени и полициски сили, со последниот куршум се самоубил.

Наводи

Надворешни врски

Љубен Георгиевски - Љупта, „Првомајско изненадување“

Категорија:Луѓе од Голем Радобил Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна