Свидовица — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба thumb|десно|Црква „Вознесение Христово“ thumb|десно|ОУ „Даме Груев“ thumb|десно|Куќа во селото

Свидовица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Беласица, југоисточно од градот Струмица, во непосредна близина на село Куклиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 9 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 1205 ха.

Селото се граничи со Куклиш, Сачево, Дорломбос, Муртино, Булунтули.

Историја

Според една стара легенда, за време на Битката на Беласица во 1014 година, во редовите на самуиловата војска имало и многу војници од Струмичката област, како и од тогашното село Ораше (денешна Свидовица). Во оваа крвава битка загинале сите мажи од селото Ораше. Жените останале вдовици или на српски (сви-вдовици). Легендата вели дека со комбинација на тие два збора, тогашното село Ораше било преименувано во денешна Свидовицаhttp://www.strumicacity.com/2015/12/25/%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0/.

Кога овие простори биле завладеани од Османлиите, селото Свидовица станало чифлик. Христијанското население било истиснато од муслиманите, поради што морало да се пресели во соседното село Куклиш. Така Свидовица било чисто турско село до Првата светска војна кога голем број од муслиманското население се вратило назад во Турција.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свидовица се состоела од 400 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Свидовица имало 1350 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 331 ха.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци и 150 Македонци.

Пописот од 1961 година бележи дека 30 луѓе биле родени во друга држава (Грција).

Според пописот од 2002 година, во Свидовица живеат 325 жителиПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X и претставува средна по големина населба, со континуирано намалување на бројот на жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 292 жители, од кои 247 Македонци, 10 Турци и 35 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — —588 1953198 —442 — — — —5 —645 1961285 —35 — —5 —1 —326 1971330 —33 — —1 — — —364 1981329 —26 — —3 — — —358 1991326 —45 — — — — — —371 1994314 —38 — — — — — —352 2002 309 — 16 — — — — — — 325 2021 247 — 10 — — — — — 35 292

Општествени установи ОУ „Даме Груев“ Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1836 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 265 гласачи.

Културни и природни знаменитости Црква „Вознесение Христово“

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Беласица