Стајколас или Црковно Коријче или Долно Млаче — археолошко наоѓалиште во крушевското село Горно Дивјаци. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на 3 до 5 км северно од селото, каде мештаните откриле повеќе гробови со камени конструкции. Неколку гроба се гледаат и во пресекот на патот. Наоди не се откриени.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Поврзано Лески — доцносредновековна населба; Петров Гроб — доцноантички рудник; Кошари — средновековна црква со некропола; Црквен Даб — средновековна населба; Горно Дивјаци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи

Категорија:Горно Дивјаци