Параќин () — град и општина во Србија, сместен во долината на реката Велика Морава, северно од Крушевац и југоисточно од Крагуевац. Во 2003 градот броел 25.400 жители. Градот го опслужува и аеродром, познат како Аеродром Давидовац.

Историја Во местото е пронајдена бесарапска грнчарија од VIII век п.н.е. на која е прикажан петел.Función depuradora de los humedales I: una revisión bibliográfica sobre el papel de los macrófitos (2000) од Воислав Васиќ и Растко Васиќ Во римската тврдина Момчилов Град се пронајдени голем број на монети од византискиот цар Јустинијан (525–565).

Населени места во општината Список на населените места во општината Параќин и бројот на жители (2002): Бошњане (1012) Буљане (1545) Бусиловац (1041) Давидовац (461) Долна Мутница (1051) Долно Видово (1932) Дреновац (2009) Главица (1134) Голубовац (267) Горна Мутница (740) Горно Видово (855) Забрега (1211) Извор (929) Клачевица (600) Крежбинац (547) Лебина (715) Лешје (422) Мириловац (835) Плана (1244) Поповац (805) Поточац (1309) Ратаре (610) Рашевица (1215) Својново (1386) Сикирица (1038) Сињи Вир (251) Сисевац (18) Стрижа (1937) Стубица (1784) Текија (1251) Трешњевица (1137) Чепуре (825) Шавац (533) Шалудовац (360)

Демографија Во Параќин има 20.172 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 39,2 години (37,8 кај мажите и 40,6 кај жените). Постојат 8565 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,95.

Во местото претежно живеат Срби. Според пописот од 2002 г. етничкиот состав е следниов:

Познати личости Марчело - рапер Ана Николиќ - поп-пејачка Бојан Кркиќ - шпански фудбалер од српско потекло Ненад Ѓорѓевиќ - фудбалер

Збратимени градови Параќин е збратимен со следниве градови:

Арманќој (Елефтерио-Кордељо), Солун, Грција Мурска Собота, Словенија Јабланица, Босна и Херцеговина

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на Општина Параќин Културен центар на Параќин Праќин како на дланка Туристичка организација на Параќин

Категорија:Градови во Србија Категорија:Општини во Србија