Старо Село — археолошко наоѓалиште во крушевското село Острилци. Претставува доцноантичка населба. Се наоѓа на 3–4 км северно од селото, на мало ритче со зарамнето плато со површина од 150 × 200 м, каде се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Исто така, по површината на наоѓалиштето се забележува згура од топено железо.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Поврзано Јовкова Колиба — некропола од средниот век; Селиште — населба од доцноантичко време; Стипцарник — населба, некропола, рудник и топилница од доцноантичко време; Острилци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи
Категорија:Острилци