во машка конкуренција

Иван Љубичиќ (роден на 19 март 1979 г.) е поранешен професионален хрватски тенисеер. Негово највиско место на АТП листата било 3. место, кое го постигнал во мај 2006.

Своите најдобри резултати тој ги остварувал на турнирите во сала на тепих или тврда подлога. Неговата игра главно се одвивала од основната линија со повремени излези на мрежа. Тој бил добар волеј играч и играл повремено во двојки. Со неговиот бекхенд, тој често знаел да одигра кратки топки.

Љубичиќ четири пати играл финале на АТП Мастерс турнирите, и успеал да освои една титула, на Мастерсот Индијан Велс 2010, победувајќи го Енди Родик во финалето. Тој вкупно во кариерата освоил 10 АТП титули. Негов најдобар резултат на Гренд слем турнирите бил полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2006, во кое загубил од Рафаел Надал. Во 2005 година, тој му помогнал на хрватскиот Дејвис куп тим да ја освои првата титула во Дејвис купот. Тој се повлекол од тенисот на 15 април 2012 година.

Рани години Љубичиќ е рооден во Бања Лука, во тогашна СР Босна и Херцеговина, како син на Марко кој бил босански хрват и работел како електричар, и Хазира која била босанка и била домаќика. Тој има еден постар брат, Владо. Тој започнал да игра тенис на 9-годишна возраст. Во мај 1992, поради војната во Босна и Херцеговина, тој, неговиот брат и неговата мајка се преселиле од Бања Лука во Опатија, Хрватска, додека пак неговиот татко не можел да замине. Во ноември 1992, тие се обединиле и заедно се преселиле во Ријека. Веднаш потоа, во април 1993, Љубичиќ заминал да трениера во тениски клуб во Монкалијери во близина на Торино, Италија. Во следните три години, Љубичиќ израснал во надежен талент. Тој одлучил да игра за Хрватска и во 1995 година тој победил на своето прво јуниорско првенство и станал хрватски шампион до 16 години. Истата година, тој ги освоил своите први АТП бодови и играл за Хрватска на европското првенство до 16 години. Во двојки, заедно со Жељко Крајан, тој го освоил престижното натпреварување за јуниори, Оринџ Бол.

Во 1996, неговото семејство се преселило во Загреб, додека пак тој продолжил со своите успеси. Тој се приклучил на тенискиот клуб Младост и играл на сè повеќе јуниорски турнири. Негов најголем успех во јуниорските денови било финалето на јуниорскиот Вимблдон, во кое бил поразен од белорусинот Владимир Волчков. Во 1997 година, тој стигнал до полуфиналето на јуниоррскиот турнир на Отвореното првенство на Австралија и се искачил на 2. место на јуниорската листа. На почетокот на 1997 година, тој започнал да тренисра со италијанскиот професионален тренер Рикардо Пјати.

Во 2004, Иван се оженил со својата сопруга Аида, со која има две деца, син Леонардо и ќерка Зара.Baby Boom: Tennis Players Become Parents Tennis.com, 30 December 2008.Ivan Ljubičić: A proud leader, Tennis.com, 17 April 2012.

Големи финалиња АТП Мастерс 1000 Поединечно: 4 (1–3) ИсходГодинаМастерсПодлогаПротивникРезултатФиналист2005 Мадрид, ШпанијаТврда Рафаел Надал6–3, 6–2, 3–6, 4–6, 6–7(3–7)Финалист2005Париз, ФранцијаТепих Томаш Бердих3–6, 4–6, 6–3, 6–4, 4–6Финалист2006Мајами, САДТврда Роџер Федерер6–7(5–7), 6–7(4–7), 6–7(6–8)Победник2010Индијан Велс, САДТврда Енди Родик7–6(7–3), 7–6(7–5)

АТП финалиња во кариерата Поединечно: 24 (10–14) ЛегендаГренд слем (0–0)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (1–3)АТП World Tour 500 Series (2–3)АТП World Tour 250 Series (7–8)Титули по подлогаТврда (7–12)Земја (0–0)Трева (1–0)Тепих (2–2)

ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатПобедник1.8 октомври 2001Лион, ФранцијаТепих Јунес Ел Ајнауи6–3, 6–2Финалист1.12 јануари 2004 Доха, КатарТврда Николас Ескуде3–6, 6–7(4–7)Финалист2.10 јануари 2005Доха, Катар (2)Тврда Роџер Федерер3–6, 1-6Финалист3.14 февруари 2005Марсеј, ФранцијаТврда Јоаким Јохансон5–7, 4–6Финалист4.21 февруари 2005Ротердам, ХоландијаТврда Роџер Федерер7–5, 5–7, 6–7(5–7)Финалист5.28 февруари 2005Дубаи, ОАЕТврда Роџер Федерер1–6, 7–6(8–6), 3–6Победник2.9 октомври 2005Мец, ФранцијаТврда Гаел Монфис7–6(9–7), 6–0Победник3.16 октомври 2005Виена, АвстријаHard (i) Хуан Карлос Фереро6–2, 6–4, 7–6(7–5)Финалист6.24 октомври 2005Мадрид, ШпанијаТврда Рафаел Надал6–3, 6–2, 3–6, 4–6, 6–7(3–7)Финалист7.7 ноември 2005Париз, ФранцијаТепих Томаш Бердих3–6, 4–6, 6–3, 6–4, 4–6Победник4.8 јануари 2006Ченај, ИндијаТврда Карлос Моја7–6(8–6), 6–2Победник5.5 февруари 2006Загреб, ХрватскаТепих Стефан Кубек6–3, 6–4Финалист8.3 април 2006Мајами, САДТврда Роџер Федерер6–7(5–7), 6–7(4–7), 6–7(6–8)Финалист9.2 октомври 2006 Бангкок, ТајландТврда Џејмс Блејк3–6, 1–6Победник6.15 октомври 2006Виена, АвстријаТврда Фернандо Гонсалес6–3, 6–4, 7–5Победник7.6 јануари 2007Доха, КатарТврда Енди Мари6–4, 6–4Финалист10.5 февруари 2007Загреб, ХрватскаТепих Маркос Багдатис6–7(4–7), 6–4, 4–6Финалист11.26 февруари 2007Ротердам, ХоландијаТврда Михаил Јужни2–6, 4–6Победник8.17 јуни 2007Хертогенбош, ХоландијаТрева Петер Веселс7–6(7–5), 4–6, 7–6(7–4)Финалист12.1 март 2008Загреб, ХрватскаТврда Сергеј Стаховски5–7, 4–6Победник9.1 ноември 2009Лион, ФранцијаТврда Микаел Лодра7–5, 6–3Победник10.21 март 2010Индијан Велс, САДТврда Енди Родик7–6(7–3), 7–6(7–5)Финалист13.31 октомври 2010Монпелје, ФранцијаТврда Гаел Монфис2–6, 7–5, 1–6Финалист14.25 септември 2011Мец, ФранцијаТврда Жо-Вилфрид Цонга3–6, 7–6(7–4), 3–6

Во двојки: 4 (0–4) ЛегендаГренд слем (0–0)АТП завршен Мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП World Tour 500 series (0–0)АТП World Tour 250 series (0–4)Титули по подлогаТврда (0–1)Земја (0–2)Трева (0–0)Тепих (0–1) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивнициРезултатФиналист1.23 јули 2000Умаг, ХрватскаЗемја Ловро Зовко Алекс Лопес Морон Алберт Портас1–6, 6–7(2–7)Финалист2.12 ноември 2000Лион, ФранцијаТепих Џек Вајт Паул Хархус Сендон Стол1–6, 7–6(7–2), 6–7(7–9)Финалист3.22 јули 2001Умаг, ХрватскаЗемја Ловро Зовко Серхио Роитман Андрес Шнаитер2–6, 5–7Финалист4.17 октомври 2004Мец, ФранцијаТврда Урош Вико Арно Клеман Николас Мау2–6, 6–7(8–10)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски тенисери Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Хрватска Категорија:Луѓе од Бања Лука