Гробишта или Чифлик — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Корошишта. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500-800 м од селото, под местото на коешто се наоѓал каменолом. На падина обрасната со густи грмушки биле откриени 4 засводени гробници, во кои имало керамички садови и друг археолошки материјал. Во околните ниви, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. На површината се пронајдени многубројни фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Корошишта; Герамидница — населба од доцноантичко време; Главина — црква и некропола од средниот век; Кале — утврдена населба од железно, доцноантичко време и среден век; Латинска црква — сакрален објект од доцноантичко време; Расница — населба од доцноантичко време и гробница од архајскиот период; Шаркуецка — црква и некропола од средниот век; Шекеими — црква од средниот век.

Наводи

Категорија:Корошишта