Златан Ибрахимовиќ (роден на 3 октомври 1981 година во Малме) — поранешен шведски фудбалер и репрезентативец на шведската фудбалска репрезентација.
Ибрахимовиќ ја започна својата професионална кариера кон крајот на 90-тите години во фудбалскиот клуб Малме од Шведска, под раководство на Роланд Андерсон. Во 2001 година бил купен од страна на холандскиот клуб Ајакс каде што го изградил својот играчки идентитет под раководството на Роналд Куман. Неколку години подоцна тој потпишал за италијанскиот клуб Јувентус за 16 милиони евра. Ибрахимовиќ стекнал огромна слава во Серија А, благодарение на партнерството со Давид Трезеге во нападот на Јуве. Во 2006 година, потпиша за големиот соперник на Јувентус, Интер од Милано, каде што освоил голем број поединечни награди како што се италијанскиот “Oscar del Calcio” (Најдобар фудбалер во Италија), шведското признанине “Guldbollen” (Најдобар спрортист на Шведска) и бил именуван во најдобриот тим на УЕФА за 2007 и 2009 година. Освоил три скудета по ред, а сезоната 2008-09 ја завршил како најдобар стрелец во Серија А. Во летото 2009 година Златан се преселил во Барселона за сума од 69 милиони евра, втора најолема сума во фудбаската историја. Во Барселона се задржа само една сезона за подоцна повторно да се врати во Италија, но сега во Милан каде потпишал договор кој го направил еден од најплатените фудбалери во светот, а самиот трансфер го чинел Милан 24 милиони евра. Во јули 2012 потпишал за Париз Сен Жермен.
Животопис Ибрахимовиќ е роден во Шведска и е син на Бошњакот Шефик Ибрахимовиќ емигрант во Шведска и Јурка Гравиќ која е со потекло од Хрватска. Неговиот татко е од Бјелина, Босна и Херцеговина, а неговата мајка e од мало село близу Задар, Хрватска. Ибрахимовиќ израснал во Розенград соседство во Малме познато по имигрантските заедници, заедно со неговите три сестри и двајца браќа. Ибрахимовиќ почнал да игра фудбал на возраст од шест години во два фудбалски клуба, “ФК Босна” и “ФБК Балкан”. Во едно интервју изјавил дека младиот тим на Балкан на еден натпревар губел со 4 – 0 на полувреме, но кога тој влегол во игра во второто полувреме постигнал 8 голови. Во тинејџерските години му се приклучил на малдинскиот тим на Малме каде бил стандарден играч. На 15 години бил блиску до откажување од фудбалот за да работи на доковите во Малме, но неговиот тренер го убедил да продолжи да игра. Ибрахимовиќ успешно го заврши средното училиште и иако бил примен во “Borgarskolan” (шведска гимназија), тој го напуштил школувањето за да се фокусира на неговата фудбалска кариера.
Ибрахимовиќ е во брак со неговата долгогодишна сопруга Хелена Сегер со која има две деца, Максимилијан роден во септември 2006 година и Винсент роден во март 2008 година.
Името Златан (Златан Ибрахимовиќ) бил патентирано во 2003 година во Шведска, со што тој доби ексклузивни права на користење на името за одредени производи и реклами вклучувајќи спортска обрема, облека и чевли. Има договор со Најк се појавува во нивните реклами. Ja носи “Nike Mercurial boot” линијата на копачки. На надворешниот дел од копачките му се впишани датите на раѓање на неговите синови.
Во есента 2008, Ибрахимовиќ со помош на Најк ја создаде организацијата “Zlatan court” со која изгради модерни фудбалски терени во соседството Розенград во неговиот роден град Малме. Во 2008, донираше најк дресови на неговиот младински тим ФБК Балкан.
Технички одлики Силен и агилен центрелен напаѓач, кој игра одлично кога свртен со грб кон голот. Тој е еден од фудбалерите со најдобар финиш и фантастична контрола на топката. Често бил критикуван дека игра слабо на големите натпревари, но Ибра ги замолчил критичарите постигнувајќи голови во најголемите фудбалски дерби натпревари, Ел Класико и Миланското дерби во тешките наатпревари од Лигата на шампионите и на Европските првенства против најсилните противници. Тој е единствениот фудбалер кој има постигнато барем по еден гол за шест различни клубови во Лигата на шампионите.
Клупска кариера Малме Ибрахимовиќ го потпишал својот прв договор со Малме во 1996 година, а во сезоната 1999 започнал да игра во првиот тим на Малме кој се натпреварувал во најсилната лига на Шведска. Таа сезона Малме завршил 13-ти и испаднале во втората лига за веднаш по една сезона да се вратат назад во најсилната конкуренција. Арсен Венгер не успеал да го убеди Ибрахимовиќ да му се приклучи на Арсенал, но голем интерес за него покажал и техничкиот дирекотор на Ајакс Лео Бенхакер, гледајќи го настапот на Ибрахимовиќ на пријателскиот натпревар против норвешкиот клуб Мос. На 22 март 2001 година бил објавен договорот меѓу Ајакс и Малме за трансфер на Ибрахимовиќ во Амстердам и во јули Ибрахимовиќ официјално станал играч на Ајакс за сума од 80 милиони шведски круни.
Ајакс Ибрахимовиќ не добил вистинска шанса кај тренерот Ко Адрианс, но во ноември 2001 кога тој бил отпуштен, а за негов заменик беше назначен Роналд Куман, неговиот статус во клубот се променил. Куман веднаш го вметнал Ибрахимовиќ во првиот тим на Ајакс и и тој му помогнал на клубот да ја освои титулата во холандскоото првенство во сезоната 2001–02. Следната сезона, на своето деби во Лигата на шампионите Ибрахимовиќ постигнал два гола во победата на Ајакс против францускиот шампион Олимпик Лион од 2–1. Тој постигна вкупно четири гола во Лигата на шампионите за таа сезона во која Ајакс стигнал до четврт-финалето каде бил елиминиран од Милан. Во неговата последна сезона за Ајакс, тој ја зголемил својата репутација постигнувајќи неверојатен гол против НЕК кој подоцна бил изгласан за гол на годината од страна на Еуроспорт. Сезоната ја завршил со 13 првенствени гола и два во европските натпреварувања против Селта на 22 октомври.
На 18 август 2004 Ибрахимовиќ го повреди својот тимски колега Рафаел Ван дер Варт за време на напреварот меѓу Шведска и Холандија, што довело до обвинување од страна на Ван дер Варт дека Ибрахимовиќ намерно го повредил. Ова довело до неочекуван трансфер на Ибрахимовиќ во Јувентус на 31 август 2004.
Јувентус Кон крајот на летниот трансферен прозорец 2004 година, Јувентус го доведува Ибрахимовиќ во своите редови за 16 милиони евра. Своето деби го направил во првото коло од сезоната 2004-05, влегувајќи како замена на полувремето и во 69-тата минута од натпреварот го постигнал третиот гол за Јувентус во победата со 3-0 на гостувањето против Бреша. Наскоро поради повредата на Давид Трезеге, веднаш бил вклучен во почетниот тим како партнер на Алесандро Дел Пјеро во нападот и постигнал 16 гола во својата прва сезона. Тој бил одлучувачки фактор за Јувентус во освојувањето на 28-мото скудето. Кон крајот на сезоната од Јувентус соопштиле дека одбиле понуда од 70 милиони евра за Ибрахимовиќ од страна на Реал Мадрид, но подоцна било откриено дека тоа е само лажна информација иницирана од агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола за да ја зголеми неговата цена на трансфер маркетот. На 14 ноември 2005 година ја добил наградата за Најдобар фудбалер во Шведска (Guldbollen)."Guldbollen 2005 till Zlatan Ibrahimovic" . – svenskfotboll.se. преземено 7 декември 2008
Следната сезона (2005-06) за него била очајна во споредба со претходната; неговата улога во нападот на Јувентус се променила со враќањето на опоравениот Трезеге, па тој повеќе не бил главен напаѓач туку најчесто играл на страничните позиции и во создавањето на играта со што се зголемил бројот на неговите асистенции. Во текот на сезоната навивачите на Јувентус често биле фрустрирани од неговите игри на големите натпревари посебно во двомечот со Арсенал во Лигата на шампионите. На Јувентус му биле одземени последните двете скудета како дел од пресудата од скандалот Калчополи и бил исфрлен во Серија Б. Новата управа се обидела да го наговори Ибрахимовиќ и другите првотимци на Јувентус да останат со клубот, но Ибрахимовиќ решил да го послуша неговиот агент кој му понудил други опции за продолжување на кариерата. Раиола со легална процедура го ослободил Ибрахимовиќ од договорот со Јувентус."Ibrahimovic set to take legal action to escape from Juve". The independent. Retrieved 7 December 2008
Интер На 10 август 2006, Ибрахимовиќ го комплетираше четиригодишниот договорот со Интер од Милано вреден 24,8 милиони евра, ова се случи неколку дена по трансферот на дефанзивниот играч од средината на теренот на Јувентус, Патрик Виера во Нероаѕурите. Ибрахимовиќ откри дека кога бил млад навивал за Интер. Под водство на Роберто Манчини, Ибра ја зпочна својата кариера во клубот со асистенција и гол во натпревар од Серија А против Фиорентина и ја заврши оваа сезона како најдобар стрелец на Интер со 15 гола.Итнер го освои Скудетото после 17 години. Нероаѕурите ја завршија сезоната со 97 бода рекорд во Серија А, подвиг кој Ибра ќе го повтори и со Барселона. За време на оваа сезона 2006 – 07 Интер постави рекорд во најсилните пет лиги во Европа од 17 победи по ред. Рекорд кој сè уште е во сопственост на Интер. Ибрахимовиќ го одигра својот 100-ти натпревар во Серија А на 16 септември 2007 година.Неговиот договор беше обновен во 2007 до јуни 2013.Со новиот договор стана еден од фудбалерите со најголема плата. Тој постигна два гола во групната фаза од Лигата на Шампионите против ПСВ на 2 октомври 2007, први два гола во Европа после декември 2005 и први голови за Интер во Лигата на Шампионите. Постигна вкупно 5 голови на 7 натпревари во ова натпреварување во сезоната 2007-08. Против Парма во последниот натпревар од Серија А на 18 мај 2008 се врати од повреда и постигна два драматичми гола со кои Интер победи со 0 – 2 и го освои третото Скудето по ред. На 16 ноември 2008 година, Ибрахимовиќ изјави дека нема да се врати како активен играч во Шведското првенство туку дека целата кариера ќе ја помине играјќи во странство. Сезоната 2008-09 за Ибра започна брилијантно постигнувајќи гол во првиот натпревар на интер од првенството.Неговиот гол против Болоња беше прогласен за гол на годината. Тој постигна гол од место со пета на асистенција на Адријано. Формата на Ибра во оваа сезона беше извонреден, со луцидни движења со и без топката и неговите пасови беа неверојатни посебно акробатскиот пас против тимот на Лацио. Го заврши постот од цел месец без голови против Џенова, задавајќи им го првиот пораз на домашен терен со што Интер остана еднинствениот тим без пораз на домашен терен оваа сезона. Ибрахимовиќ постигна два гола против Аталанта со што си ја осигура Capocannoniere (наградата за најдобар стрелец во Италија) со еден гол предност пред Марко Ди Вајо и Диего Милито кои постигнаа по 25 погодици.
Барселона thumb|right|200px|Ибрахимовиќ во Барселона. Откако Максвел го комплетираше трансферот во ФК Барселона, претедателот на Барса, Хуан Лапорта изјави дека првично имало договор меѓу Барселона и Интер за трансфер на Ибрахимовиќ во замена за Самуел Ето плус одреден надомест. Лапорта откри дека преговорите започнале кога тој го пренасочил својот лет кој првобитно бил од Украина за Шпанија кон Милано за да разговара со претседателот на Интер Масимо Морати. На 23 јули 2009 Ибрахимовиќ го напушти Интер за време на летната турнеја во САД за да преговара со Барселона, веднаш по неговиот последен натпревар за Интер против Челзи. По договарањето на персоналните услови на Интер со Ето и на Барса со Ибрахимовиќ, тимот од Каталонија објави дека Ибра ќе пристигне во Барселона на 26 јуни 2009. Наредниот ден ги помина медицинските тестови и беше претставен пред повеќе од 60 илјади навивачи на Камп Ноу. Тој потпиша 5-годишен договор вреден 46 милони евра плус Самуел Ето (кој вредеше 20 милиони евра) и позајмица на Александар Хлеб (со опција за неговно целосно купување за 10 милиони евра) со клаузула за сите што ќе сакат да го купат од 250 милиони евра со што вкупно трансферот на Ибра изнесуваше 66 милиони евра. Но договорот за позајмица на Хлеб порпадна и Ибрахимовиќ ја чинеше Барселона 69,8 милиони евра. Интер објави дека изнесува 69.5 милиони евра но дел од сумата Интер (околу 4.5%) ја донирал на малдинските клубови (освен на младинскиот клуб на Јувентус).