Претседателот на Демократската Народна Република Кореја или Северна Кореја е највисоката политичка позиција на оваа азиска држава која е воведена со уставот на Северна Кореја во 1972 година. До воведувањето на функцијата, Ким Ил-сунг, прв владетел на комунистичка Северна Кореја, бил премиер на државата и Генерален секретар на Работничката партија на Кореја. Во 1972 кога била основана позицијата, Ким Ил-сунг бил назначен за прв претседател на Северна Кореја, поточно на 28 декември од страна Врховното Народно Собрание. Ким Ил-сунг бил претседател на Северна Кореја сè до неговата смрт во 1994 година, но и денес тој е формално претседател на државата. Четири години по смртта на Ким Ил-сунг, уставот бил изменет, функцијата претседател била укината и наместо неа се основала нова - Вечен претседател на Републиката, која ја носи починатиот Ким Ил-сунг.
Поврзано Вечен претседател на Републиката Ким Ил-сунг Политика на Северна Кореја Северна Кореја
Категорија:Политика на Северна Кореја