Прирачник за Анти Антиалкохоличари е втората книга напишана од македонскиот глумец, музичар и писател, Игор Џамбазов. Во книгата е прикажана автобиографијата на Џамбазов и неговите проблеми со алкохолот. Првиот човек кој ја прочитал книгата е македонската пејачка, Калиопи.

Издадена е во април 2011 година, за време на саемот на книгата во Скопје преку ФОН Универзитетот. Печатачот е Печатницата Мисирков. Книгата започнува од последната страница, а завршува на првата.

Пишување, издавање и промоција Прирачник за Анти Антиалкохоличари е втората книга напишана на македонски јазик од Игор Џамбазов, по неговата прва книга Гол Човек. Периодот на пишувањето започнал во 2009, а завршил во 2011. Промоцијата и издавањето на книгата траеле кон крајот на април, за време на саемот на книгата во Скопје. Испечатена е од Печатницата Мисирков, а издадена е преку првиот приватен универзитет во Македонија - ФОН.

thumb|Калиопи (прикажана на сликата) била првата личност која ја прочитала Прирачник за Анти Антиалкохоличари.

Содржина Книгата ја прикажува автобиографијата на Игор Џамбазов и неговата зависност од алкохолот. Прирачник за Анти Антиалкохоличари започнува со реченицата: „Сè што сте сакале да знаете за алкохолот, ама не сте имале време од пиење“. Содржината во книгата е прикажана на нецензуиран начин, со вулгарни зборови. На крајот на книгата се наоѓа „азбука на алкохолот“.

Во интервју за А1 телевизија, Игор Џамбазов за книгата изјавил: „Сите пијаници не се боеми и сите боеми не се пијаници“. Содржината на книгата е „сурова, потресна, поучна, со искуства од најпознатите македонски боеми“. Џамбазов изјавил дека „алкохолот дава само две шанси“.

Жанр Карактеристично е што за време на интервју за A1 Ексклузив, Игор Џамбазов изјавил дека неговото дело тешко се определувало за одреден жанр и покрај тоа што во него е прикажана неговата автобиографија. Во поговорот на книгата, Венко Андоновски напишал дека книгата не е „ни романтизам, ни модернизам, ни постмодернизам, не е дури ни реализам, иаку е најблиску до него. [Велам] не е ни реализам затоа што оваа книга е чист живот, а животот не е реализам, затоа што никој досега не докажал дека животот не е сон.“ Тој подоцна додал дека некои од сцените се толку сомнабулни што личат на хипер-реализам.

Критички прием Венко Андоновски, македонски писател, поет и критичар во поговорот на книгата напишал дека кога човек ќе се прошета низ страниците на потресната книга ќе чувствува дека сонува туѓ сон со познати елементи. Пејачката, Калиопи изјавила дека книгата „осцилира со чувства и емоции.“

Наводи

Надворешни врски Интервју со Игор Џамбазов посветено на неговата втора книга

Категорија:Македонски книги Категорија:Македонски дела од 2011 година