Грбот на Кенија е усвоен 1963 година.
Се состои од традиционален источноафрикански штит со две копја кои прикажуваат два лава, кои симболизираат заштита. Штитот исто како и копјето симболизираат одбрана и слобода. Бојата на штитот претставува: црна - народот на Кенија зелена - земјоделството и природните богатства црвена - борба за слобода бела - единство и мир
Во средишниот дел на штитот се наоѓа петел кој држи секира. Под штитот се наоѓа силуета на Маун Кенија и земјоделските производи: кафе, сисал, чај, пченка, и ананас. Под тоа се наоѓа црвена лента со државното мото: „Работиме заедно“.
Наводи
Видете уште и Знаме на Кенија
Категорија:Национални симболи на Кенија Категорија:Државни грбови во Африка