Штарнбершкото Езеро () е езеро во јужна Баварија околу 25 километри од Минхен. Со површина од 56,36 квадратни километари, ова езеро е четврто езеро по големина во Германија, а, благодарејќи на големата длабочина, второ по количина на вода. Езерото настанало со топењето на алпските ледници. До 1962 година езерото се викало Вирмско Езеро.
Надворешни врски
Штарнбершко Езеро - документ од Хидролошкиот институт во Минхен Податоци за баварските езера
Категорија:Езера во Баварија