Салва Кир Мајардит (, динкаски: Salva Kiir Mayardit, роден 1951) е првиот претседател на Јужен Судан.
Животопис Кир е дел од народот Динка и тој е роден во 1951 година. Во 1960-те години Кир се приклучил на Ањања за време на Првата суданска граѓанска војна. Во 1972 година со договорот меѓу Јужен и Северен Судан во Адис Абеба, Кир бил поставен за офицер од низок ранг. Во 1983 година, Кир и останати јужносудански бунтовници се приклучиле кон движењето наречено Суданско Народно Ослободително Движење кое било основано за време на Втората суданска граѓанска војна, каде Кир се покажал како клучна фигура. Подоцна, Кир се избил на врвот на движењето и станал водач на военото крило.
Наводи
Поврзано Суданско Народно Ослободително Движење Јужен Судан Претседател на Јужен Судан
Надворешни врски
Говор на Салва Кир за Меѓународниот Мировен Институт Говорот на Кир за време на посетата на Вашингтон
Категорија:Претседатели на Јужен Судан Категорија:Бахр ел-Газал Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1951 година