Загорци — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче.

Историја Местото е населено уште од железното време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Манастир кое се наоѓа на 200-300 м југоисточно од селото.

Селото во век било дел од Радовишката Каза на Отоманското Царство.

Население

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 210 жители, сите Македонци.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235 Според податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne), во селото во 1905 година живееле 232 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 10 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Родови

Загорци е македонско село.

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

Староседелци: Калешковци (6 к.). Анчовци (9 к.). Стојчовци (6 к.). Гоговци (2 к.) и Бочваровци (2 к.)

Општествени установи Црква „Св. Ѓорѓи“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Загорци, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1615 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Манастир — населба од железното време и средновековен сакрален објект

Поврзано Лакавичко Општина Конче Радовиш

Наводи

Надворешни врски

Сателитска снимка на Загорци на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Конче