Грбот на Гватемала е првично амблем, затоа што не ги исполнува хералдика стандардите за грб.

Елементи на грбот Грбот се состои од:

венец од маслинови гранчиња, кој ги опфаќа сите останати елементи птица Квецал лист на кој пишува LIBERTAD 15 DE SEPTIEMBRE DE 1821 (Македонски: СЛОБОДА 15 СЕПТЕМВРИ 1821) Две вкрстени пушки Два вкрстени меча

Симболика

Маслиновите гранчиња на грбот го симболизираат мирот. Птицата Квецал е традиционален јужноамерикански симбол на слободата. Датата на листот - 15 септември 1821 - го претставува датумот на независноста на Америка од Шпанија. Вкрстените пушки ја симболизираат подготвеноста на Гватемала да се брани, а вкрстените мечеви ја симболизираат честа.

Грбот се наоѓа и во централниот дел на знамето на Гватемала.

Поврзано Знаме на Гватемала Гватемала Грбови во Средна Америка

Категорија:Национални симболи на Гватемала Гватемала